Храна за возрасни, странска верзија

Тишината знае непријатно да прозвучи во ТВ програма. Тоа го знаат оние кои во живо готват пред камера и немаат првилегија во монтажа да им ги скастрат вишоците. Баш затоа некогаш се двајца, за да има простор за муабет. Овој кутриов е сам па додека шпагетите омекнуваат, решава да ја пополни празнината со приказна од детството, кога со другарче собирале пари. Не само што не е хепиенд туку пазете каков крај е тоа.      

Ретро на темата:

Сителова кујна од пред5-6 години со Борко како маестро и Рената како водителски плејмејкер. Тоа беше пишурија, каков неверојатен пар беа тие! И двајцата елоквентни како филадендрони, уста не отвораат, мислиш се плашат дека ќе треба акциза да платат за секој збор што ќе прошверцуваат преку уста. Рената одвреме навреме ќе гукнеше нешто демек да го праша Борко, ама тоа редовно беа мртвородени муабети оти на Борко не му беа доволно провокативни прашањата па одговараше мрзоволно како скопски џанак кога по којзнае кој пат дава лични податоци у станица Пролеќе.

Во една емисија, Борко најавува дека ќе прави полнети пиперки. Го кажува мастрафот и почнува да ги полни пиперките. Нормално, штама. Рената се загледала во него, се заборавила. Не бекнува ништо. А бидејќи тишината знае да прозвучи ептен непријатно во тв емисија, овие позади камерите почнаа да и дофрлаат да го праша нешто Борко, да зуцне нешто. По некое време Рената сепак успеа да се сепне од својата длабока замисленост и конечно проговара:

- Кхм, Борко, кажи ни дали може и нешто друго да полниме со ова што го подготви?

А Борко продолжува рутински да работи и онака лежерно одвалува невидена зен мудрост:

- Може, само тогаш нема да се викаат полнети пиперки.

* од колумна на Трендоленд

А сега приказната:

 

1 јули 2025 - 09:23