Off Topic

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Дуке, Крсте и Исмаил ви честитаат Нова година

Ок Македонци. Пробавме да си ги извадиме очите, ударнички се потрудивме да се надвикаме и прекувремено се потрудивме да се испомразиме до коска. А да пробавме малку со љубов и убавина? Пред крајот на оваа заебана година токму со такво полнење доаѓа поздравот до сите вас од нашата њујоршка екипа. Песната (музика, текст и аранжман) е на Дуке Бојаџиев, пее Крсте Роџевски, на кларинет е Исмаил Лумановски, на виолини Владимир Крстев. Отворете си ја душата, "Свет без граници" е љубовна порака. Преубава.

Французите смислија нешто уште подобро од Амазон Го

Откако го објавивме видеото за Амазон Го стана речиси дневна рутина некој да ти каже нов начин како да им го хакнеш системот (па ќе го држам цело време позади некој друг, ќе го пуштам да се тркала до влезна врата, ќе фрлам конец од надвор...). Французиве најдоа начин како да го хакнат и Амазон Го и криминалецот во нас.

Демонтажата што живот значи

Што значи „шоу во живо“ за луѓето што го прават шоуто во живо. Таман ќе помислиш - чекај бе овие којзнае колку студија и опрема имаат за да можат цело шоу да го снимаат во живо, и они цела сценографија ќе ти демонтираат за помалку од 2 минути.

Топ 10 видеа на Тејсти за 2016

Ако ги немате сретнато до сега, видеата на Tasty се најлошото можно нешто што може да те спопадне на интернет. Наивно гледаш нивен клип од 18 секунди и го гасиш табот. За кратко пак го отвораш табот, чисто за да изгледаш уште еден клип. Креваш глава од монитор, минале 3 саати, прегладнет си, разочаран од животот, ти течат лиги, а знаеш дека во фрижидер имаш само тегла кисели краставички и кесичка супа од петел. Налет сè, пушташ уште еден клип.

Останете во кревет

Ако на сон или јаве ги разгледувате опциите за канцелариската работа која ве очекува, дозволете да ви помогнеме да ја донесете правилната одлука.

Турските Ѕвездени војни

In a Turkish galaxy far, far, away... Или, што би се рекло на нашки: Турче галакси, уџум, уџум ептен....

Кога левото почнува да звучи како десно

Глен Бек е една комплетна лудачина (самопрогласен катастрофист), кој повеќе од 10, а посебно последниве 8 години, секој потег на американските либерали, посебно на Обама, го доживуваше апокалиптично и идентично ѝ го пренесуваше на својата публика. Иако десничар до срж (на времето ја поддржуваше и Чајанката) тој пред изборите се крена против Трамп. Во моментов, поделеноста во САД е дојдена до точка во која Глен Бек стана глас на разумот (ок, со прилично реформирани ставови) и почна да учи левичари - опрајте се, станати сте катастрофисти, личите на мене.

„Лажните вести“ се новото „оружје за масовно уништување“

Погледнато од аголот на Алекс Хигинс, чија екипа смета дека корпорациските медиуми се трудат што подлабоко да го всадат стравот од лажните вести со цел во крајна линија да се ограничат или уништат независните и алтернативни медиуми со вовeдување цензура на погледите што се против естаблишментот. Хмм...

Американска порција контра француска порција

Американец ќе изеде една порција, Французин ќе изеде една порција. По некое време, Американецот станува двојно подебел од Французинот. Јасно е каде е иксот во равенката?

Како изгледа декември во маркетинг-агенција

Они не знаат за електори, не знаат за ДИК, а уште помалку за Управен, не знаат дека надвор е минус „Боже Господе“, ниту пак за атентат во Анкара, знаат само за едно - новогодишната честитка на агенцијата.

Последниот миг на Карлов

Фотографија од рускиот амбасадор Андреј Карлов во галеријата во Анкара пред да биде застрелан во грб од човекот што стои зад него.

Колоната на јапонскиот премиер се вклучува во сообраќај

Чисто за да утврдиме што се случува пред да продолжиме: колоната на јапонскиот премиер се вклучува во сообраќај.

7 заебани минути со Џери Луис

Холивуд репортер закажале 10 интервјуа со витални 90-годишници што сè уште работат. Девет интервјуа поминале мазно, на десетото налетуваат на него. Џери Луис снимаше лесни слапстик-комедии, ама интервју со него е права драма. Престар е и пре не му чуе: концентриран, краток, дрзок, циничен, нерасположен и терсене, да потерсене не може да биде.

Како се мести на Редит?

Редит, или „фронт пејџот на интернетот“, е една од навлијателните глобални платформи за промоција или добивање гласност на вести, музики, видеа и секакви други содржини. Нивниот комјунити модел (корисниците гласаат за и против) се чинеше како ефикасна заштита од манипулации. Но ако таму е толку лесно да се штима популарност, тогаш интернетот наскоро ќе дојде во фаза кога ќе се верува во нешто прочитано на него само ако лично се познава авторот.

Што ме питаш are you gonna go my way?

Апостолски направил уште еден богохулен мешап, кој функционира бескрајно природно ем заразно. Шемса и Лени Кравиц, ко Боро и Рамиз! Ова да го чуеме во живо и после слободно можеме да ги закачиме чеканот и наковалната о клин.  

Што и да се реши деновиве, ова пак ќе важи

"Попрво би да имам демократија што не секогаш оди во моја корист, отколку да немам каква било демократија," порачува Џонатан Пај за брегзит и Трамп, и потоа ги имате најдобрите две и кусур минути предавање за демократијата и сè што сте заборавиле околу неа.

Дојде време и ние да запалиме свеќа

Не се секирајте, се знаеме. Ова има сосема поинакво наравоучение: Кому му е потребен пријател кога има стопен кашкавал?

Банкина на денот

Ние сме народ кого го занима само големата слика и решенија кои ќе дојдат од врвот. Мали изуми кои подобруваат или спасуваат поединечни животи обично не се вредни за нашето внимание. Ама, сепак, ѕирнете колку ова е ветувачки добро.

Пред да е доцна

Сцена од филмот за кој пишувавме тука која го покренува она прашање "Што ако стварно?" И стварно, зошто луѓе онака опседнато висат на Фејсбук, нон-стоп заклучуваат дека е нешто крај а никако да стават крај?

Паганизмот во американската армија

Бидејќи земјата дозволува слободно да одбереш во кој Бог ќе веруваш, расте бројот на оние војници кои не можат да се решат за еден. Тор, Один, Зевс или Перун, секој е добредојден кога ќе се најдеш во некоја авганистанска недојдија.

Ѓуро: Како се камуфлира прдеж

Ѓуро започна нов серијал наречен "Живот за почетници" и повторно е бескрајно шармантен. Кашлицата ("ни приближно"), луфтирањето и Дип Парпл ни се видоа најјаки.

Анти-стрес мадиња

Сега секој може одвреме навреме да ги почеша, без разлика дали ги има во својот основен пакет. Овие се лепат по масата на која работите и во секое време ви се при рака.