Редит, или „фронт пејџот на интернетот“, е една од навлијателните глобални платформи за промоција или добивање гласност на вести, музики, видеа и секакви други содржини. Нивниот комјунити модел (корисниците гласаат за и против) се чинеше како ефикасна заштита од манипулации. Но ако таму е толку лесно да се штима популарност, тогаш интернетот наскоро ќе дојде во фаза кога ќе се верува во нешто прочитано на него само ако лично се познава авторот.