Ако ги немате сретнато до сега, видеата на Tasty се најлошото можно нешто што може да те спопадне на интернет. Наивно гледаш нивен клип од 18 секунди и го гасиш табот. За кратко пак го отвораш табот, чисто за да изгледаш уште еден клип. Креваш глава од монитор, минале 3 саати, прегладнет си, разочаран од животот, ти течат лиги, а знаеш дека во фрижидер имаш само тегла кисели краставички и кесичка супа од петел. Налет сè, пушташ уште еден клип.