Off Topic

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Трејлерите на Супер боул

Меѓу рекламите за кои се плаќаа 5 милиони долари за 30 секунди (166.000 долари за 1 секунда емитување, секунда што во МКД-размери тежи колку фирма што прави по речиси 14 илјади долари месечно), имаше и дузина трејлери за блокбастерите што треба да се појават годинава: Гардијанс, Пиратите од Карибите, Брзи и бесни. Собравме неколку од нив на куп.

Кога си Газда, ти се може

На концерти на Брус Спрингстин луѓе носат транспаренти со имињата на неговите песни што сакаат да им ги свири. И овој со бендот стварно им ги свири, што само по себе е  дирљиво, јер на друг ќе му беше под чест да свири „по нарачка“ и слепо ќе се држеше до детално смислениот концепт и плејлиста. Но што ако на Спрингстин во живо му нарачаш песна што не е негова? 

Кога ќе фати инаетот

Најголем број трансформации се на дебели што во некоја точка од животот им здосадило да се облекуваат во шаторско крило. Највпечатливи пак се на оние што страдале од анорексија и успеале да ја победат.

Бил Бур за жените и феминизмот

Некои ќе се најдат навредени од урнебесно прецизните поенти на Бур, ама па што, не е тоа црна чума. Од навреденост никој досега не умрел. За таквите имаме и други видеа.

Месологија, по Свансон

Рик Свансон, ликот од Parks and Recreation кој го игра Ник Оферман, има едноставна нутриционистичка филозофија: месо добро, сè друго - не добро.

Супер боул пред Супер боул

Конкретна тема рекламите за Супер боул што се појавија на интернет пред натпреварот. Цената за годинава е 5 милиони долари за 30 секунди реклама.

Америка нека е прва, само Германија да е втора

Луѓето сфатија како е редот и решија со време да „бутнат глава“, па по примерот на холандската влада, и германската изработи видеопорака за новиот американски претседател. Исто како и холандската, и оваа порака од владата не е од владата.

Мераци ем ќеифи

Во некоја турска касаба, група другарчиња од кои некои изгледаат како генерација со калеш Анѓа, со помош на пластични легени директно се катапултираа во детството. Да ги видите само тие фаци. Задовољштина.

2 февруари 1943, крај на Битката за Сталинград

Еден детаљ од крајните денови на Битката за Сталинград: ... Германците развија техника во која на прозорите ставаа мрежа од жица за да се заштитат од гранати. Советите одговорија со ставање јадици на гранатите за тие да се закачуваат на мрежата...

Син на мајка

Не треба многу за да ја насмееш мајка ти барем кога си на некои преттинејџерски години, доволно е да ја гушнеш, да ја бациш, да си ги избричиш веѓите, па да ги нацрташ со маркер, да ја прашаш да не треба нешто.

Да зборуваме за секс

Мада, што ќе зборувате со нас, зборувајте со некој што се разбира во темата, на пример со Порнхаб. Од порносервисот отворија сајт за сексуално образование и здравје, и планот им е да им се најдат на сите свои корисници што имаат нејаснотии околу сексот.

Монахиња таа на тато

Кога ќеркичката на тато ќе порасне доволно па ќе дојде некој муфљуз на нејзини години да ја викне за излегување, чувството е како да му даваш бесценетa Страдивариус виолина на мајмун. Овој татко решил на време да го поремети тоа страшно и речиси неизбежно сценарио.

Сите идни извршни наредби на Трамп

Кога Џон Стујарт се расправаше со Трамп, актуелниот претседател се уште беше само ТВ кловн со многу пари. Сега кога првиот се пензионираше, а вториот го почна својот последен професионален ангажман. Ама не се додржува во пензија.

Бил Бур доби дете и прекинете да ја правдате Хилари

Две хируршки прецизни поенти:
1. Изгуби од човек што неделно кажува по три работи што би упропастиле сечија кампања.
2. Ако за поразот се криви белци расисти, кај беа истите овие расисти на последните два избора кога можеа да гласаат против црнец?

Деца, да ви каже тато нешто

Татко ги седнува двата сина на маса наместена со шампањ и јагоди, отвора торба и на двајцата им фрла по 900 долари и по еден ајпад, им кажува дека освоил 20.000 долари на лото. Технички ова е точно, во пракса поточно е дека освоил 2,7 милиони долари, ама, полека.

Најважното видео за возење што денес ќе го изгледате

Како ретко до сега клип со возење од интернет од кој може да научите нешто крајно корисно: кога товарате приколица, најтешките работи ставете ги најнапред. Нема врска? Ѕирнете го видеото.

Дует од дневна соба

Тој има 29, таа има 4 години. Тој и е татко, таа му е ќерка. Тој свири на гитара, таа пее. И заедно се неодоливи.

Што ако сите луѓе на светот живеат во една зграда

Идеја што може да дојде само од некој што не собирал пари за лифтот, пари за поправање на пумпата за парно, пари за домофон, се нема расправано со тие од први дека и они треба да плаќаат за лифт, ги нема пцуено комшиите дека оставале ѓубре пред врата или нема фрлање овошје од балкон опремен со вечната мудрост "органско е ќе се распадне".

Нова 1000-ка

Бројката е концептот - 1000 музичари, една песна. Почна со Фу Фајтерс, па ги имаа Вајт Страјпс и Дејвид Боуви, сега ја рокаат Нирвана, и пак звучи боговски моќно.

Руски проблем на денот

Затоа што тероризам, немаштија, корупција, санкции, расправање со секој можен што не пишува кирилица им е малку, сега Русите треба да се справуваат и со тигри во купатило.

Бомбите на Конан О'Браен

Кога веќе го спомнавме мобилниот на американскиот претседател, не треба да се пропушти да се каже дека Конан О'Браен веќе неколку месеци редовно објавува снимки од разговори меѓу Обама и Трамп, што тој ги има добиено од свои извори.

За ѕидот на Трамп

Веројатно единствената замисла што звучи по излудено од "Претседателот Трамп" е идејата за изградба на ѕид меѓу САД и Мексико. Првата работа се случи, втората е ставена во забрзана постапка да се случи. Мексикански архитекти направија компјутерски модел на ѕидот која комплетно ја доловува неговата бесмисленост.

Првиот чекор во Аушвиц

Утрото на 27 јануари 1945 тенковите на Црвената армија стигнуваат пред Аушвиц. Пред тенковите испречени се само портите на логорот. Чуварите претходно се избегани откако слушаат за напредокот на Советите. Еден од тенковите ги соборува портите и влегува во Аушвиц, по него и остатокот од колоната. Николај Политанов е еден од првите војници на Црвената армија што стапнуваат во Аушвиц.

Пикасо, Скопје 63, Битката на Неретва, 12 шишиња вино

За појаснување на хаикуто од насловот: постерот за Битката на Неретва на англиски јазик е нацртан од Пикасо за 12 шишиња вино, а ова се случува само откако документарецот Скопје 63 ја добива првата награда на филмскиот фестивал во Монте Карло.