Off Topic

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Сите проблеми со лажирање на слетувањето на Месечината

Во 1960-те би било далеку поевтино да се испрати вселенско летало и да да се слета на Месечината, отколку целата работа да се лажира.

Тоа што ја лепиш камерата на лаптопот нема многу да ти помогне

Не дека хакери можат да пројдат преку изолирбанот што го ставаш, ама во моментов имаат толку многу начини да те прислушуваат и снимаат што правиш, што лепенката единствено може да ги ти помогне да се чувствуваш подобро, и ништо повеќе од тоа.

Ноќ во Медисон сквер гарден

Во 1939-та 20 илајди Американци се собраа во Медисон сквер гарден во Њујорк за да го прослават подемот на нацизмот, настан претежно заборавен во американската историја. Целото видео се базира на архивски снимки од настанот.

Колибата наречена желба

Едно од најубавите отварања на врата што можат да ви се случат. Веројатно и едно од најскапите.

А што убаво му беше

Дедо со вообичаена сенилност, во моменти на разбистрен ум дознава колку години има. А има 98. Најчовечка реакција: „Па како брзо така остарев?“ А кога му текнува дека за две години ќе полни стотка, уште почовечки: „Па јас ЌЕ бидам факинг стар човек!“ Преубав.

Рецензија на инцидентот на Трамп

Ако има поголема нејаснотија од тоа како Трамп е претседател на САД, тогаш тоа е - како воопшто се случува фризурата на Трамп. Деновиве на качување во авион, ветерот ја отвори икебаната од коса што американскиот претседател ја носи на глава, и луѓето станаа уште позбунети (и позгорзени).

Последниот „Dirty dancing“ џедај

Ако имаше една носечка порака последниот филм од Ѕвездени војни, тоа е дека танцувањето ги надминува сите разлики и ги решава сите проблеми. Барем во оваа верзија од филмот.

Рок симфониски оркестар

Веројатно ако некогаш дојде денот кога последниот човек ќе ја затвори планетава и ќе се исели на друго место, оваа верзија на „Smells Like Teen Spirit“ ќе оди во позадина. Главниот вокал е 17-годишната Меккена Бреинхолт и е придружена од оркестар и хор од 110 луѓе.

Боб Марли: Како се сака жена

„Најголем кукавица е оној маж кој ќе ја разбуди љубовта кај жената, без намера да ја сака“, викаше растафаријанецот. Па ќе каже:

Како поп треба да доаѓа во црква

Откако генералштабот на МПЦ си ја најдоа мајката (едно ебено интервју не дадоа за на паствата да ѝ го објаснат овој коперникански пресврт), редно е дечињата да ја апгредираат својата појавност и стил. Нормално, пари да бараат од мајка им.  

Аматерска снимка од слетувањето на двете Фалкон ракети

Човеков нашол агол од кој целиот подвиг на Спејсикс изгледа уште поневеројатно и уште повеќе научно-фантастично. Аудиото само создава дополнителна стравопочит.

Не закачај војска

Бил Бур не може да се начуди како тоа од нација на хипици кои своите војници ги третираше како убијци на деца, Американците се претвориле во нација која доживува божја епифанија кога ќе види воени авиони над Супербол. А самиот штос со кој си навлекол гнев е многу буровски - здраворазумен, циничен и генијален: Ајде оној што вози џет да го рачунаме за јунак, ама оној што на писта му покажува во кој правец да летне?

Германецот секогаш одел прв

Прво го пуштаат него а дури откако им се чини безбедно, настапува глутницата. Сцена од полициска акција во Калифорнија.

Љубоморната кралица

Тој и натаму може да си биде кралот на животните, само да му се даде до знаење дека го јадел, ако опашката му мрда по погрешна кралица.

Абсолут вотка нема што да крие

Тоа што ќе го изгледате е реклама на Абсолут. Тие што ќе ги видите угол голи се автентични вработени на Абсолут. Поентата е - ништо не криеме.

Очи не се за верување

Уште под паника дека ќе ни се повтори расколот од фустанот (бел ли е, тегет ли е) објавуваме две фотки кои според авторот, докази и Фотошоп анализи се иста идентична фотка. Проблемот е што, не е така, две различни фотки се. Или не се.

БМИ е погрешен начин за мерење дебелина

Не само што е празастарен и доаѓа од времиња во кои не се ни претпоставува денешниот начин на живот и изобилие, туку и не прави разлика меѓу масти и мускули, па важно му е само да ја подели тежината (во кг) со висината (во метри). Па така добиваш дека НБА кошаркари како Леброн Џејмс, Кевин Дурант, Блејк Грифин или Кармело Ентони се дебели.

Колку мозокот брзо ги прифаќа работите

Неколку изведби на класичниот експеримент од психологијата, таканаречаната „гумена рака“, кога она што го гледаме го пребришува она што го знаеме. Колку да стане појасна грчката хистерија „Македонија е наша!“ и рипањето како попарени на секое спомнување на тој збор. Целата нивна  национална конструкција е производ на едно предолго чешање.

Пуштаме реклами, Супер боул 2018

За секои 30 секунди реклами што ќе ги изгледате, некој има платено по 5 милиони долари за да бидат емитувани на паузите од Супер боул 52. Успеавме да собереме реклами од нешто помалку од 50 брендови што вечерта биле емитувани. Да не одолжуваме, имате баеги за гледање.

Некои работи треба да се изгубат на време

На пример, она мушамата за глајдање. Подобро е да ја изгубиш кога ќе сакаш да се дигнеш отколку кога ќе сакаш да се спуштиш.

Мачка што лае, не каса

Мачка со инсталирана поддршка за лаење. Кога треба да брани куќа, имитира куче, кога ќе ја фатат дека се понаша трансџендер, се враќа на мјаукање. Кул. 

Стварно, знаете ли како правилно се кива?

Една медицинска сестра од служба за брза помош, на која ѝ е преку глава од оние кои ќе нагрнат кај нив во сезона на грипови, потсетува на некои основни правила. На пример, не носете здрави деца. На пример, не кивајте во своите дланки.