Off Topic

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Биди Кина

Во 1988 година, имаа само 147 км автопатишта. во 2025 година имаат речиси 200.000 километри. Очекуваниот животен век, од 61 година, се качува на околу 78 години. БДП од 180 долари оди на 13.900 долари. Во 1975 година, целата економија им вреди 164 милијарди долари. Само во 2024 година, инвестираат 45 пати повеќе од вредноста на таа некогашна економија.

Метју Меконахи за Џордан Питерсон

„Луѓето веќе не го ценат контекстот,“ вели актерот за денешната нелиберална патернализирачка култура во која e доволно некому да му извадат неколку збора од питај бога кој и со каква поента муабет, и тоа да заврши со негово прогонство од јавниот живот.

Како Кина контролира ковид кластер

Еден работник во најголемиот шангајски аеродром испаднал позитивен на ковид. Што прават Кинезите? Топтан затвораат десетина илјади луѓе од аеродромот во подземните простории на објектот. Тестирање, молим лепо. За ден ипол земале 17.700 брисеви. Досега биле обработени 11.500, сите негативни.  

Во Америка се врати редот

Во Аурора, Колорадо, дуќан отворил фамозниот калифорниски ланец за брза храна, In-N-Out Burger. Се направил ред од луѓе, па од автомобили кои направиле змија на паркингот, па не ги собирало на паркингот па почначе да се редат на автопатот. Се направил толкав ред што за бургер се чекало 12 (дванаесет!) часа. Како е, побогу, тоа - брза храна?

Ако ви се кмиши по сервиси, купете си Мекларен

Како прво, треба да одвоите еден милион долари, а знаете како е со денешните плати, што попорво. Потоа решавате да ја префарбате во боја која ви се бендисува. Но, тоа е само почеток.... Спојлер, ергела најскапи спонзоруши е поевтина опција.

Руска сајберпанк фарма

Наспроти гласините дека Русија е технолошки  назадна земја, прошетка низ една фарма во која рмбаат роботи на државен андроид, произведуваат млечни производи и фрактални краставици, наместо гулаби чуваат дронови а нужникот им е директно поврзан со црна дупка. Плус супер сајбер фолк песничка.

Од нигде никаде

Да беше видео игрица, лесно ќе се раскажеше. Возиш најлабаво на свет во своја лента, одеднаш нешто те учукува и те враќа едно ниво подолу. Само што, за жал, не е видео игрица.

Од непријатни видеа, снимка од државна болница во Норвешка

Многу поинаку непријатно од снимка од државна болница кај нас. Отприлика нивната изгледа како дубајски ол-инклузив ресорт, а нашата како олицетворение на зборот „тетанус“.

Отсвирена хистерија

Овој либерално-прогресивен хистерик не го објавивме кога се појави на интернет пошто е прелуда и пренапната. Ама сега заслужува, поради начинот на кој мајсторски е музички контекстуализирана. Хенри Ролинс и Рејџ Агеинст нè немаат волку наежено.

Вадење џокер од ракав

Западна новинарка на азербејџански политичар му ја вади стандардната „рака“ со картите за човекови права, слобода на медиумите и НВО-ата. Овој ѝ го вади Асанж. Но, тоа не е сè. Главниот блам е што BBC го објавува интервјуто без тој дел.

Каменот од најблиску доаѓа

Мајка му учествува на оној српски уличен квиз што го даваа на некоја наша телевизија. Значи, мајка му. Таткото нема врска со ситуацијата. Ама малото сака баш тогаш, баш таму, да каже нешто баш за таткото. И после, некои родители размислувале за Меѓаши....

Како на српски се вика Јоко Оно

Прашањето гласи: Како се вика јапонската уметничка (чуј ти тоа!) која му беше сопруга на Џон Ленон? Пазете сега:

Никогаш не сум возел кола, ама сум казнет за брзо возење

Јас сум четврта категорија на живот: немам возачка, немам автомобил, немам ни електричен тротинет, ни точак, ни двор. Мерен со технолошки критериуми на брзината и октанската ефикасност, јас сум нешто меѓу пензиониран полжав и уморна желка.

Вилијам Дефо за своите заби со воздушно ладење

Маестрален! Холивуд никогаш нема да ни објасни како овој човек никогаш не беше Џокер. Ова филмче на рускиот режисер Григориј Добругин со Вилијам Дефо е продаден за 100.000 долари на една аукција за детски хуманитарни каузи. 

Руска грешка во чекори

Тоа Русинот сè што треба ќе смисли и ќе спроведе за безбеден премин на автомобили преку железничка пруга. Не само рампа туку и дополнителни препреки на асфалтот, богати! И нормално, сè ќе заебе.  

Што правел Бил Клинтон за 11 септември?

Џани и Бил се здружиле и зближиле, па на Џани по телефон му кажувале која жена од забавата да ја однесе во апартман (онаа во зелениот фустан, онаа во црвениот). После една таква ноќ, доаѓа хеликоптер, се симнуваат специјалци па од тајната служба му викаат „Џани, знаеме што се случува овде, мораме да го евакуираме!“ Џани појма нема што се случува. Пали телевизор и тоа се моменти кога вториот авион удира во кулите близначки.

Порака од германските психијатри

Сосема е нормално луѓе во карантин да почнат да зборуваат со ѕидови, цвеќиња и други предмети. Од нас побарајте помош само ако тие почнат да ви возвраќаат.

Рамбо: Не сакам теории на заговор, ама...

Короната не ја спорам, умираат луѓе, лежат по болници, но таа е искористена богатите држави, конечно и без пардон, да се заклучааат и изолираат од сиромашните. Ме секира тоа што ние сме од оваа страна на бодликавата жица, а таа делува дека ќе остане за стално.

Тулси Габард, жената која ја раскринка Камала Харис

Сега кога прогресивците почнуваат американскаta Катица Јанева да ја тетовираат на чело ко петокрака, да потсетиме што лик е таа и што му се случува на човек кој ќе се дрзне да ја критикува. И тоа додека беше во опозиција, можете да замислите како тие орди сега ќе земат залет.

Варуфакис за изборот кој го имаа Американците

Ужасен избор, вели поранешниот грчки министер за финансии. Да бил во регуларна сојузна држава, не би гласал ни за еден од нив, да бил во некоја од решавачките свинг држави, вели дека би затворил нос и би гласал за Бајден.

Многу музика од малку мастраф

Како старите добри баби кои од она ништо што се имаше по дома знаеја да направат оброк прсти да излижеш, така и малава (Алма Дојчер), на која од шешир ѝ вадат четири рандом ноти, за помалку од една минута, направи соната. За повеќе да ги цените Рамонси, тие знаеја и со три.

Конечно нешто нормално на CNN

Негледливи се деновиве, со оние нивни бескрајни микро-анализи каква е изборната состојба во некое нивно Сарамзалино и Шопско рударе. И одеднаш, во програмата улетува нешто што инстант освежува. Додуша, многу кратко ама, секој почеток е тежок. Битно, на добар уреднички пат се. CNN, сакаме уште!

Фиока во три чекори

Кога ќе зезнеш со мерките во кујна, не треба веднаш да се откажуваш. За сè има решение. Само треба да знаеш да ѝ објасниш на жена ти како функционира „новото нормално“.

Ако сте бездомник, купете си куќа

Му викаат дека 85 најбогати луѓе во светот имаат колку што вкупно имаат 3,5 милијарди најсиромашни луѓе на планетава. Социопатот вика: Тоа е фантастична вест!