Рамбо: Не сакам теории на заговор, ама...

Короната не ја спорам, умираат луѓе, лежат по болници, но таа е искористена богатите држави, конечно и без пардон, да се заклучааат и изолираат од сиромашните. Ме секира тоа што ние сме од оваа страна на бодликавата жица, а таа делува дека ќе остане за стално.

Мразам теории на заговор но тие се раѓаат кога на информациите веќе не можеш да им веруваш.

Среде онаа ужасна блокада и изолација, на први август ми пратија видео снимка од мојот Херцег Нови. Времето прекрасно, ама, нигде никого, ни по плажите, ни на брегот, ни на море. Потполен мир, рај. Но, некој морбиден рај во кој нема нигде никого. Само милијардерскиот едредник  “American Eagle” бешумно лизга низ Бока, а на него, претпоставувам, Адам и Ева лично, овојпат милијардери, кулираат на палубата.

Конечно не ја слушаат еуфоријата и бучавата на обичните смртници, кои во такви моменти би стигнувале од плажите. Уживаат во мирот. Тој призор ужасно ме вознемири и налути, особено заради фактот дека многу од нас не можеа да дојдат долу до сопствените куќи, додека некои пребогати странци се башкарат пред нив. Попиздев и сфатив дека короната е искористена богатите конечно да се ослободат од присуството на сиромаштијата.

Зошто? Со автоматизацијата на производството престана потребата за работничка класа која од својата тешко заработена надница купува глупости. Станавме вишок. Баш како коњите после појавата на парната машина, каде еден мотор замени и до 100 коњи. Одеднаш, преку ноќ, веќе не беа потребни ни коњи, ни штали, ни сено. Популацијата на коњи драстично се намали. Нешто малку се чуваат за трки, циркус и тартар бифтек.

Короната не ја спорам, умираат луѓе, лежат по болници, но таа е искористена богатите држави, конечно и без пардон, да се заклучат и изолираат од сиромашните, дефинитивно забарикадирајќи го продорот на мигранти. Ме секира тоа што ние сме од оваа страна на бодликавата жица, а таа делува дека ќе остане за стално.

Гледајте колку луѓе умираат од рак, од излив на крв во мозок, инфаркти. Кога во медиумите со овој интензитет би се зборувало за тие навистина застрашувачки бројки, светот колективно би почнал да се однесува како да се подготвува за Олимпијада, сите би џогирале, би внимавале што јадат и што пијат, никој не би пушел, само би се правела гимнастика и би се јадела зелена салата. Како што реков, не сакам теории на заговор но зошто нема ниеден збор за тоа како да го дигнеме имунитетот?

Ова со превентивните мерки го гледам како перверзно хуман начин да се забрза намалувањето на бројот на жители во светот. Со укината социјализација, шоу бизнис, забава, туризам, угостителство, журки, фестивали, драстично се намалува шансата за човечка репродукција. Тешко е денес да најдеш партнер, да се орасположиш, загрееш, да го поттикнеш нагонот за репродукција бидејќи за тоа е потребна блискост а не гледам како е тоа воопшто можно под изолација, рестрикции и маски. Човекот сепак се разликува од мајмуните, потребно му е да ја распали фантазијата за да му дојде до репродукција. Во спротивно, ни мрежасти чорапи ни халтери ни штикли не би се произведувале, парфеми не би се користеле, вино не би се пиело, танго не би се играло. Значи, со рестриктивни мерки се намалува бројот на заразени но вистинското прашање е дали се смалува бројот на новородени?

Ме прашавте што мислам, ни јас не сум сигурен, се потпирам на логика, на информациите веќе не може да им се верува па и ова што го мозгам земете го со резерва. Попиздев бидејќи мојата основна работа е укината со декрет, станав вишок како коњ во индустриската револуција.

Рамбо Амадеус

9 ноември 2020 - 14:56