Off Topic

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Биди Кина

Во 1988 година, имаа само 147 км автопатишта. во 2025 година имаат речиси 200.000 километри. Очекуваниот животен век, од 61 година, се качува на околу 78 години. БДП од 180 долари оди на 13.900 долари. Во 1975 година, целата економија им вреди 164 милијарди долари. Само во 2024 година, инвестираат 45 пати повеќе од вредноста на таа некогашна економија.

Животот пишува шпански серии

За време на еден „бејби шауер“ мажот доаѓа на прославата заедно со адвокат, и почнува да вади листови, документи, па на крај и видео, кое покажува дека тој не е татко на детето. И сето ова се случува пред сите најблиски, вклучително и вистинскиот татко кој е меѓу најблиските.

Трамп нема шанси да победи!

Едногласна прогноза на импозантна колекција од луѓе, од Ненси Пелоси до Том Хенкс, од Сандерс до Обама, кои го ставија сето свое знаење, искуство и јавен углед во нивната проценка дека Трамп сигурно ќе изгуби. Со тоа што, не е лошо да знаете дека е ова колекција од изборите во 2016 година.

Америка подготвена за празникот на демократијата

На ден пред изборите, Лос Анџелес е залепен со шпер плочи на излозите, за да не дојде до кршење и влегување во дуќани. Сликата ја посочи Џими Кимел, со очекувано погрешен наратив.

Џо Бајден.... регионалниот пат

Ајде и вие преслушајте го па кажете ни што побогу кажа можниот иден претседател на САД? Па Киро вака не шмелцаше после атентатот. А овој допрва треба да го бираат.

Пумпаџија на денот

Замислете да влезете во бензиска и да наидете на ова Зомби, направено гипс од којзнае која лута дрога. За да биде уште поглупо, носи дукс на кој пишува 'Dope Dealer' на што е додаденo 'H' за 'Hope'. 

А можеше да биде петка

BBC објавува стенд-ап рутина на наш дечко, Кумановац кој живее таму неколку години. И баш солиден нашиов, добри финти, шармантно ги вози итн. Само што, уште на почетокот, му крши филм на секој нормален што останал овде. Значи, браво Владиславе и јебала те Северна.   

Масовен егзодус на Париз пред полициски час

Вкупно 800 километри градски улици, булевари и авении, закрчени од автомобили со луѓе кои се обидуваат да избегаат од градот пред да почне полицискиот час во 21 часот. Не бе, стока народ сме ние парижаните, професионално би рекле ботовите кои виреат во ректумите на актуелните власти.

Кога социјалните мрежи би биле реално место

Замислете ги ТикТок, Фејсбук и Твитер во едно видео. Ова е тоа.

Слободната воља е илузија, ама па што

Ух, ова оди на клизачи на едно од нашите најтемелни верувања за слободната воља. Ама па, теорискиот физичар Сабине Хосенфелдер е полна со брутално педантни логички забелешки што човек мора тоа да го слушне, па да си бара некое чаре. Или пак едноставно да ни остави коментар на нашиот Фејсбук: Глупости!

Саутпарк: Како се бројат ковид жртви

Саутпарк имаа една пандемична специјалка во која се зезаа со сите можни аспекти на глобалната беља. Меѓу другото, како се регистрираат жртви од ковид.

На мојата душа ѝ се брза

Имаме два живота и оној вториот започнува кога сфаќаш дека животот е само еден.

Рикардо Патрезе ја вози жена му

Прославениот возач на Формула 1, Рикардо Патрезе, ја зема својата сопруга „да ја сврти крукче“. Вози Хонда сивик. Кутра жена.

Трнлив е патот до ѕвездите

Денес го знаеме како еден од најпочитуванитее актери на светот чиј сонорен глас е најблиску до она како го замислуваме гласот на Господ. Запознајте го кога беше Винсент, зеленчуковиот вампир. 

Кој прв ќе го има ова од нашите?

Дечки, ова е реален производ. Личен прочистувач на воздухот со вградени филтри против патогени, алергени и други загадувачи на воздухот, два вентилатора, батерија која трае 8 часа, инвертни ракавици за безгрижно чешање а и на намалување е. За само 379 долари можете да бидете факинг трендсетер, а плус додека чекате зелено на пешачки, она дечурланата ќе ве молат да ви избришат џамови.

Тестирајте ја својата перцепција: Машко

Добро погледнете го овој дечко кој лесно облечен рипа на јаже, за да дознаете што не видовте. 

Боб Дилан каков што не сте чуле

Дечково го кине Дилан, алал вера. Со негов глас и интепретација го изведува најдосадниот текст на сите времиња: Правилата за користење на стандарден Digital User Agreement. И пак тoa звучи како лута протестна песна!

Добра поента за теориите на заговор

Глупо е да веруваш во сите теории на заговор ама па анблок да не веруваш баш во ниту една од нив? Стендап комичарот Рон Фанчес на оваа тема.

Остајте „лажни вести“, „лажни мерки“ се проблемот

Оние Кинезите начисто ќе ни го искриват светот и тогаш нема да се работи само за перцепција на работите. Оди па објасни се тогаш со ѕидарот, кројачот, женската.... дали работата е добро измерена.

Напни го, Шабане

Како што на Перхан во она алкохолизирано лудило му личеа трубачи на уво, така и на Снуп дог во оваа негова блажена скаменетост, пасент му легнува баш оваа музика. Марли, Питер Тош, Строубери филдс форевер? Ма не, нешто многу појако.

Шеријатски лајф хак

На Дагестанецов жената му се бунела што не може да поминува подолго време заедно со својата најдобра пријателка. Овој ѝ го решил проблемот на начин кој не го очекувала: ја оженил и нејзината најдобра пријателка. Инклузивност, јеби га.

Црно-бело во боја

Ветувањето на сервисот е дека ќе му аплоудираш црно-бели фотки, а он ќе ти ги врати во боја. И тоа и го прави сервисот. Отприлика.

Љубовна песна на денот: Тостови, тостови

Македонските песни имаат два клучни проблема. Прво, што се 98% љубовни, ко да нема друга тема на светов, и второ, што таа љубов се опишува толку шаблонски, што метафорите на Лукас и Цеца се Ник Кејв за нив. Накратко сакаме да кажеме, кој во песна се осмели уште еднаш да спомне „бакнежи врели“, треба да биде посипан со катран и пердуви и протеран на Криволак. Ама затоа имаме песна која ги решава двата проблеми и сакаме да ја споделиме со вас. Така се прави тоа.

Геј парада ли е, воена парада ли е?

Ќе да е воена парада. Во Египет. Или униформите им се на перење или па може стварно мислат дека непријателот ќе биде обесхрабрен од нивните мускули.

Само глупи нема да се опаметат

Глуви ќе прослушаат, слепи ќе прогледаат.... само глупи нема да се опаметат. Дерен Браун објаснува како најчесто се прават оние измами со луѓе кои ветуваат исцелување со помош на верата.