Што правел Бил Клинтон за 11 септември?

Џани и Бил се здружиле и зближиле, па на Џани по телефон му кажувале која жена од забавата да ја однесе во апартман (онаа во зелениот фустан, онаа во црвениот). После една таква ноќ, доаѓа хеликоптер, се симнуваат специјалци па од тајната служба му викаат „Џани, знаеме што се случува овде, мораме да го евакуираме!“ Џани појма нема што се случува. Пали телевизор и тоа се моменти кога вториот авион удира во кулите близначки.

Запознавање со Џани е задолжителна Офф.нет лектира, преку епизодата која ја посветивме на „ситната боранија по Скопје и другите македонски паланки кои глуматаат јаки момци, мафијаши, заебани ликови, газди, пичкесиматерине“.

10 ноември 2020 - 11:39