Off Topic

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Биди Кина

Во 1988 година, имаа само 147 км автопатишта. во 2025 година имаат речиси 200.000 километри. Очекуваниот животен век, од 61 година, се качува на околу 78 години. БДП од 180 долари оди на 13.900 долари. Во 1975 година, целата економија им вреди 164 милијарди долари. Само во 2024 година, инвестираат 45 пати повеќе од вредноста на таа некогашна економија.

Закривеноста на простор-времето на Калениќ пазарче

- Баба, не се чваркови туку кваркови. И не се кретени, туку протони.
-Тоа и викам, морони, протони, иста работа - одговори старата жена.

Бабата против градот

Со оглед на тоа како изгледаат нашите градови, гарант и кај нас има стотина вакви баби штеточини кои шпартат дење-ноќе и прават белји. Само што нашиве мора да се нинџи па се невидливи. 

Онлајн парламентарец на денот

Се вика Тармо Круусимае и е пратеник во естонскиот парламент. Несвесен дека му доаѓа ред да дискусија и дека во таа ситуација, оди во директен пренос, колегите го фаќаат во опуштена атмосфера: во кревет како пафка од вапот и слуша музика, лефтерно следејќи седница.

Австралија? Ќути сине и пливај

Денот на австралиската воена морнарица бил одбележен и со денс група на згодни девојки кои им тверкале на ветераните и другите присутни. Кај нас генерал крши керамиди со глава. Еј животе, достоинство теракотно.

Дип Лукас - Пепел и дим

За сите оние кои познаваат некого кој порано бил лут металец а подоцна животот (домашни забави, шабански кафани, пијани слави) го натерале да забега во нешто похардкор, еден прекрасен богохулен мешап од Дип Парпл и Аца Лукас. Миксот првенствено е посветен на тој непознат пријател но нека слушнат и оние силни активисти кои се испозакачија на буџетски ухлеби, како на нормално уво му звучни нивното шизофрено препелкање.

Куче што лае, не е полициско

Од ланскиот октомври, њујоршката полиција почна чат-пат на терен да ги вади своите нови службени кучиња кои наместо со гени, инсктинкти и тренинг, се опремени со камери, светла и сензори. Почетна цена на џукелата е 75.000 долари, ама ако те види, има засекогаш да те запамти со сите твои пиксели. За „дај рака“ се доплаќа.

Дефиниција за „All star“

Можеби не ја знаете, а можеби е време да се потсетите. Реклама за ЈАТ. Со кој сè не.

Мик Џегер: Бил Гејтс ми е во крвоток

Утешно е кога ќе чуеш дека дури и на Џегер му е исто како на тебе во пандемија па братски сочувствуваш кога ти се исповеда дека од досада учел ТикТок денсови, почнувал да готви и го пиздел фејк звукот од трибини на спортски утакмици (и немал што да облече?). Сето тоа спржено со гитари, бас и бубњеви на Дејв Грол. Eazy Sleazy, пандемискa соло песна на 77 годишниот рокер, првa после 2017.

Звукот на нашите филмови

Со музика за 60 филмови, 50 серии, 600 спотови и 300 часа телевизиска музика, звукот на Зоран Симјановиќ е чипиран во сите оние кои растеле или следеле југословенска кинематографија. Со музиката за „Сјај во очите“ добива награда во Монте Карло, победувајќи го Енио Мориконе. Во 1983 година, заедно со Ив Монтан, станува почесен граѓанин на Валенсија. Симјановиќ почина во Белград, заразен од коронавирус. 

Не бе, не им се тешки ранците

Зошто одиш со колути напред? Што знам, така научив уште во прво-второ одделение.

Ќути, нас глушец ни се падна

Нели беше најден глушец во храна од наш маркет па сите се згрозивме. Некој на заебанција кажа: ако глушец имало во КАМ, што ли има во Рептил?. Одиме во Тајван, во еден тамошен дуќан. Брр....  

Сине, а да се дрогираш ко сите нормални?

Доаѓа време кога синот ќе порасне па редно е татко му да му објасни некои работи од светот на возрасните. Порано можеби на децата им било малку незгодно да слушаат како татко им зборува за секс. Денес е таа сцена доста поинаква.

Слави Трифонов го брани Дојран

Новата ѕвезда на бугарската политичка сцена, го имаме регистрирано уште на он.нет, кога се пробуваше како певец. Му објавивме видео спот за кој го пишавме ова:

Како бе живеете во вакви градови?

Добро бе, па на никој ли не му дојде да паркира малку на тоа црвеното, со четири жмигавци да почека некого, „одма ќе дојде“?  Или набрзинка да скрати преку црвеното? Како воопшто живеете такви? Можеше да побараме каде е ова, ама повеќе сакаме да веруваме дека е некоја измислена земја со измислени луѓе.

Кујнскиот агент Смасен. Не Смасен.

Ноел Галагер од Оазис, за неприлагоденоста на својот брат Лијам има кажано: „Во свет од супа, тој е човекот со виљушка.“ Тек овој да му беше брат.

Како кучето мое, нигде нема друго

Расел Џонс од Британија, не само што сјебал нога па морал во гипс, туку забележал дека и неговото куче почнало да куца. После 300 фунти дадени на ветеринар, сфаќа дека со песот сè е во ред и дека куца од чиста солидарност со него.

Кој е против боцкање?

Жена снимила како нејзиниот вујко го вакцинираат на жими мајка. Сестрата го боцка човекот ама не му вбризгува ништо. Нејасно е зошто воопшто би го правела тоа (ја чува вакцината за свои луѓе?) ама службите ја признале грешката. Веста е од Мексико. Значи, не може наш човек да отиде некаде а да не ги научи домаќините на некоја вештина.

Снежна приказна од ерата на раниот кансел

Како денес се развива една сосема вообичаена ситуација кога некаде ќе заврне снег, а некој ќе реши да направи Снешко.

Одиме во Каракалпакстан?

Репортажа од Каракалпакстан (три пати треба да прочиташ за да видиш дали добро си напишал), автономна област во северозападен Узбкистан (имаат право на вето). Нè мавна флешбек, изгледа провинциски и запуштено баш како ние (Скопје, Македонија) во 90-тите години. Не дека ние сме пркнале а тие не, туку што ни сега сме провинциски запуштени и на многу потрагични начини. 

Србија на CNN

Србија дочека момент да ја има на CNN а тоа да не биде за бомбардирање или некоја друга беља. 10 минутен прилог за државата која стана регионален хаб за вакцинирање. Значи, можело и така.

Двојка за Германците, Тројка за нас

Пуштете звучници на јако за да осетите како звукот на Тројка и нивната изведба на „Македонско девојче“, барем за кратко ги пополнува сите пукнатини и фуги кои ни ги прави општата мизерија во која живееме.

Ќе им помине ли ова некогаш?

Наместо да се пробудат „морните копачи и копачки - на трудот црн народ“, како што се надеваше Рацин, ние дочекавме да се пробудат, разбудат и освестат саде токмаци и лајави крелци. Еве ја неа, наставничка во основно, излегла на ТикТок за да го претстави најновиот доказ за постоење на белите привилегии - ханзапластот. Дабоме, бојата на ханзапластот.

Што сè може да ти расипе патување

Ми идеше да пуштам рака и да му го поправам увото! Или да го прашам којкурац не е у реду со него чим не му е проблем да седи со такво уво.

Хартиените мерки на универзумот

Знаете како изгледа лист хартија од А4 формат. И дека тој лист има два А5 листа а тие имаат по два А6 листа. И обратно: два А4 се еден А3, двојно поголем е А2 па доаѓа А1 па А0. Е сега, одиме кон универзумот.