Наместо да се пробудат „морните копачи и копачки - на трудот црн народ“, како што се надеваше Рацин, ние дочекавме да се пробудат, разбудат и освестат саде токмаци и лајави крелци. Еве ја неа, наставничка во основно, излегла на ТикТок за да го претстави најновиот доказ за постоење на белите привилегии - ханзапластот. Дабоме, бојата на ханзапластот.
п.с. Ако се навратиме на спомнатиот стих на Рацин, можеме да дојдеме до заклучок дека и тој, не само што не е безгрешен на оваа тема туку е и отворен расист, бидејќи страдањата ги поврзува со бојата (црн народ, аха!). Ќе го канселираме ли, снегулки?