Off Topic

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Биди Кина

Во 1988 година, имаа само 147 км автопатишта. во 2025 година имаат речиси 200.000 километри. Очекуваниот животен век, од 61 година, се качува на околу 78 години. БДП од 180 долари оди на 13.900 долари. Во 1975 година, целата економија им вреди 164 милијарди долари. Само во 2024 година, инвестираат 45 пати повеќе од вредноста на таа некогашна економија.

Команда „балалајка“

Балалајка е руски музички инструмент (три жици, дрвено триаголнесто тело) и истовремено, една од топ петте команди кои ги знае овој грд убавец.

Господине Звонко Богдан, кажете ја онаа, нашата

Веќе ги замислуваме оние безумни мк талибанци како викаат: аман бе со тие југоносталгии, сфрј-а, звонка богдани и слични пропаганди отрови за валкање на чистиот македонски мозок. Така, така...  

Како гори електричен тротинет?

Не да гори, пржи. Притоа, изгледа како да ги компензира сите штетни гасови кои не сте ги пуштиле во атмоферата кога сте го возеле него наместо некој стар дизелаш. Ова е некој Хрват, огорчен што тротинетот му изгори пред очи, ама па и малку среќен што не му бил оставен во кола.

Отаде бетер

Разговор што ќе почне со: девојко, а дали редовно се бањаш, ставаш дезодоранс, се депилираш... обично не може да продолжи кон нешто многу полошо. Кај „кралица Клеопатра“ може.

Хетфилд не e на чисто со вакцината

Фронтменот на Металика вели дека не му е јасно како ќе изгледа концертната иднина на бендот, особено што и тој е скептичен околу вакцинирањето. На еден подкаст, Џејмс Хетфилд откри дека ни како дете нема примено ниту една вакцина, од религиозни причини (родителите му биле посветени членови на Христијанска наука, верско учење и пракса кое се противи на медицински третмани). „Ако ептен бараат пасоши, тогаш ќе донесам одлука.“

Идеалниот секс, според Жижек

Нашите технолошки продолжетоци ќе ја обавуваат валканата работа а ние, ко аристократија, ќе пиеме некој чај и ќе си зборуваме за филмчиња. Е не, ко сељаци ќе се потиме и ргаме.

Совeти за млади мажи од стар маж

Запомни дека 97 проценти од советиве се бескорисни. Прифаќај што ќе прифатиш, а другото фрли го во ѓубре.

Лос Анџелес има панк

Некој собир во центарот на Лос Анџелес од минатиот месец и тоа на тема панк свирка. Иако некако сетапот за ова се очекува да е некој мувлосан клуб што се наоѓа во слично студеникаво, влажна, мувлосана клима, публиката е скроз автентична (модерно) панкерска.

Толковен, за во живот

Во нашите предлози за толковниот речник го има и терминот ороспија. Треба тоа машки да се издржи.

Кодекс на капитализмот

Благодариме за лојалноста кон нашата компанија. Запомнете дека вие одбравте да работите кај нас и ние сме тука да обезбедиме позитивно работно искуство. Затоа сите прашања, грижи, жалби, фрустрации, лутина, инсинуации, наводи, обвинувања, размислувања, депримираност и слично, треба да бидат упатени на друго место.

Разјаснување во 4 потези

Поедноставно објаснување нема да најдете. Која е разликата меѓу често мешаните поими маркетинг, рекламирање, односи со јавноста и брендирање.

Џо Роган да ви каже нешто за Твитер

Твитер му блокирал видео за Ивермектинот. Ај тоа, туку не ни пробал да го објави, туку само сакал да го прати нкому во директна порака. Ако и натаму ги мислите тие пораки приватни, праќајте вие и натаму нудс и дипкпикс. 

Прогресивна е, мајко, ал е неписмена

Црна ТикТокерка прегледува песни од учеснички на Евровизија и одеднаш се стаписува кога доаѓа до Црна Гора.

Духот на Џони Кеш живее во овој дечко?

Како се појави со обработка на I Walk the Line, многумина вреснаа дека во младиот Ендрју Логан Хенсли се има префрлено духот на Џони Кеш! Малиот е скроз добар (особено што е ладен-шприцер и што трепка бавно), ама ај да не претеруваме. А и да е вистина, треба да е среќен што во него се префрлил духот, а не јетрата на Кеш.

RIP Ник Кејмен

На 59 години, од рак на коски почина Ник Кејмен, едно време пулен на Мадона но најпознат по една фамозна реклама за Левис која ја дигна продажбата на тие фармерките перени со камења во џебовите за неверојатни 800%. 

Алиша Милано налета на оние кои „ги брани“

Од својот замок во Кањонот Бел (еве баш тука), оваа, некогаш поднослива актерка. ја задржува својата присутност во јавноста глумејќи загрижен прогресивец. „Во името на сите нас кои не сме црни, замислете да гледате вести...“ порача таа во својата последна проповед која наиде на маестрална контра од извесна Савана Едвардс од Њу Орлеанс

Од тренингот на еден џедај

Стандардна вежба за пронаоѓање на внатрешното око на еден иден џедај и изострување на неговата вештина да избегнува удари со врзани очи. На тие џедаји на кои нема да им текне дека клатното оди натаму ама оди и наваму, тие џедаји подоцна се познаваат по сплескани носеви.

Панцир за секој пејач

Замисли до половина да си соблечен гол во кафана и да го смараш пејачот кој не може да те поднесе, а и покрај тоа да не си ни приближно најпроблематичниот лик во локалот.

Шефе, само пристаништето остана

Замислете го вие тој муабет кога ќе се вратат кај претпоставениот после вака обавената работа. - Шефе, оној контејнерот, не успеавме да го префрлиме. - А ја вративте дигалката? - Не, ни тоа, не. - Ама, бродот е барем ок, така? - Шефе, еве сам види го насловот на оффнет. 

Хепиенд, како за кого

Хепиенд за оние кои се снимаат и хепиенд за оние кои гледаат не секогаш е иста работа. На пример, како заврши овој врескав инфлуенсер - пренемагач, кој реши со нас да го сподели своето искуство со пијалокот кој штотуку го открил (обичен чај со млеко, патем), нам ни е дефиниција за хепиенд. Дабогда стално ново пробувал. 

Кентаки има кружен тек

Во некоја припиздина во рурално Кентаки, имало крстопат на кој се случувале бааги сообраќајни незгоди. За да го решат тоа, ставиле кружен тек. Ене ги, уште вртат.

Конусот од блиску доаѓа

Како изгледа американски Тиенанмен: наместо пред тенк, нивната демонстрантка застанува пред кола, а за комплетирање на американското видување на ситуацијата, снимка и коментар како од НФЛ.

Џина Папас Нели

Кога Лудвиг Ван Бетовен имал онострано провидение, го има напишано моќното дело Миса Солемнис. Во слична ситуација, некој наш дошол до просветление дека велигденската миса на Џина Папас Џокси лежи на речиси секоја песна на Нели Фуртадо. Тоа е таа генијалност, не знаеш во која форма ќе се појави. 

Прво скокни па напиши наслов

Ќе ставевме наслов дека го најдовме најглупиот другар, пошто откако другар му со мотор се урниса во огромна провалија, дибекот реши да го праша: Скот, добар ли си? Само што, секунда подоцна, Скот извика: Добар сум! Па како бе Скот си добар?