Толковен, за во живот

Во нашите предлози за толковниот речник го има и терминот ороспија. Треба тоа машки да се издржи.

Утре (прилог за време) - најдоброто време да се направи сето она што сте го планирале за денес.

Потколеница (именка) - делото од телото што се користи за откривање мебел во темница.

Самец (именка) - маж што раскажува вицови за жени во кујна.

Oроспија (именка) - жена со морал на маж.

Учење (глаголска именка) - процесот на пишување смс-и, јадење и гледање телевизија со отворен учебник во близина.

Интернет (именка) - причината зошто паднавте година.

Без навреда (фраза) - фраза што се користи за да се најави некој сериозно навредлив коментар.

Пријател (именка) - еден од многуте непознати на Фејсбук.

Смеење (глаголска именка) - кога насмевката има оргазам.

Сарказам (именка) - природниот одбранбен механизам на мозокот против помалку интелигентните.

Call of Duty (наслов) - ефективна контрола против несакана бременост.

Мачка (именка) - биполарно суштество што во секое време е подеднакво расположено да ти ги извади очите, колку што е расположено да се мази.

Дома - место на кое (засега) ти дозволуваат да се чувствуваш како што сакаш, па дури и како Македонец.

Правда - збор што во секојдневниот говор обично доаѓа во пар со зборот „нема“.

10 мај 2021 - 09:09