Совeти за млади мажи од стар маж

Запомни дека 97 проценти од советиве се бескорисни. Прифаќај што ќе прифатиш, а другото фрли го во ѓубре.

- Не го ругај послабиот, неморално е. Не се спротивставувај на појакиот (без причина), глупо е.

- Не ги мрази жените, само губиш време.

- Вложувај во себе. Материјалните работи им доаѓаат на оние што се оствариле себе.

- Влетај во тепачка, макар и да изгубиш.

- Како бивш војник ти кажувам: не оди во војска, освен ако не ти се ризикуваат јајцата за нечии политички или економски интереси.

- Не прифаќај никаков понуден совет без критичка анализа. 90% од сите совети се наменети да ќари тој што ги дава, а не тој што ги прима.

- Не си го троши животот за да ги слушаш сите како ти им должиш нешто. На мнозинството не им должиш ама баш ништо.

- Не го поткопувај младиот покрај тебе. Биди му ментор, општеството признава дека ти го имаш потенцијалот да бидеш најголемата сила во него.

- Како млад маж оставен си сам на себе. Општеството дели па владее. За разлика од жените кои си имаат адвокати (установи за женски студии, владини, невладини организации итн.) за тебе никому не му е гајле.

- Младите ги обезбедуваат мускулите и генијалноста со кои општеството напредува. Види ја силициумската долина. Во најголем дел не беа ниту старите мажи ниту жените тие што ја создадоа револуцијата во која живееме. Сфати дека општеството ги краде твоите придонеси, ги заштитува со закони за интелектуални права, па ги зема заслугите и наградите што не ги заслужило.

- Знај дека малкумина ти мислат добро. Мајка ти, да! И татко ти најверојатно те сака (ако уште е тука). Брат ти и сестра ти се од твоја, а другите си мислат на себе.

- Не се плаши да одјебеш некого кога е тоа потребно. Многу важна особина. Кажи си што имаш да кажеш, па макар и да ти се тресе гласот.

- Стекни емпатија, добри меѓучовечки вештини и самодоверба. Научи го јазикот на телото и невербалната комуникација. Не се концентрирај на техничките и работните вештини, или ќе ја најдеш жена ти како се пегла со друг.

- Вежбај.

- Не мрчи за жената/девојката. Подржувај ја, макар и да не е во право. Таа треба да знае дека и го чуваш грбот. Кога ѝ треба помош, најди ѝ се.

- Не ја мами жената/девојката со друга. А ако мораш, не ја понижувај. Не ризикувај твоите гомнарии да стигнат до нејзе или нејзините другарки. Не го прави тоа каде што живееш, не го прави тоа со некоја од вашиот социјален круг. Не сери во својот двор.

- Ако девојка ти не те прави да се чувствуваш добро со себе и не те прави среќен, батали ја. За тоа се девојките.

- Не се мачи со емотивни работи. Тие само им служат на жените да флертуваат и да се чувствуваат добро. Тоа е делот што тие го сакаат. За тебе тоа е многу време и работа.

- Ако се здружиш со женско и развиеш доверба, нема да имаш интимен однос со нејзе. Ако за кратко не спиеш со нејзе, мали се шансите дека тоа некогаш ќе се случи. На крајот ќе ти се доверува за сексуалните авантури што ги имала со некој друг.

- Имај и развивај пријателства со жени.

- Машките се заљубуваат лесно. Ќе видиш некоја и ќе се чувствуваш дека ќе умреш ако не ја добиеш. Ако те одбие, пушти ѝ се на следната. Таа губи.

- Кога ќе станеш прав маж, знај дека луѓето ќе ти пречат на патот. Луѓето кои се привлечени кон тебе, некако ќе најдат начин да ти застанат на патот. Геј типовите ќе те шмекаат, а старците ќе ти поставуваат сопки во најлош можен момент. Не се фрустрирај. Тргни се на страна и продолжи да бркаш работа. Ова се пасивно агресивни животни методи, со кои тебе треба да ти се стави на знаење нивното постоење.

- Не тепај хомосексуалци. Ни ментално ни физички не мачи никого заради тоа што се или како се претставуваат. Не е твоја работа да застрашуваш луѓе.

- Ако си геј, признај си на себе, на родителите, на пријателите и општо на средината. Спреми се да те мачат. Не се плаши да им кажеш да одјебат. Ако некој ти се заканува и навредува, викни полиција, па нека ги апсат. Не си обврзан да се жртвуваш поради тоа што си. Како геј, ќе имаш повеќе социјална слобода од стрејт типовите. Искористи го тоа да се заштитиш.

- Не позирај. Немој да бидеш од оние што ставаат сноуборд на автомобилот, а не ни бордаат. Живеј го животот, заработи го своето место.

- Не верувај на глупостите за патријархат. Повеќе жени се примени на факултетите, добиваат подобри оценки и земаат повеќе дипломи. Жените ги надживуваат мажите, а мажите извршуваат повеќе самоубиства. Мажите двојно почесто се жртви на насилство, вклучувајќи и убиство. Ако ја видиш стапката на силувања во затворите, двојно повеќе мажи се силувани (општеството мисли дека затворското силување е смешно). Улиците се преплавени со бездомници, а се испрскани со неколку бездомнички. Статистички, жените се посреќни од мажите. Девојчињата се подобри ученици од машките, машките се тие кои ги зафркаваат и им препишуваат Риталин (средство за смирување) затоа што се машки. Платите на мажите паѓаат, додека платите на жените растат. Ако некој нешто постојано повторува, не значи дека е точно. Нема зошто да се чувствуваш виновен.

- Запомни дека 97 проценти од советиве се бескорисни. Прифаќај што ќе прифатиш, а другото фрли го во ѓубре.

10 мај 2021 - 13:48