Off Topic

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Биди Кина

Во 1988 година, имаа само 147 км автопатишта. во 2025 година имаат речиси 200.000 километри. Очекуваниот животен век, од 61 година, се качува на околу 78 години. БДП од 180 долари оди на 13.900 долари. Во 1975 година, целата економија им вреди 164 милијарди долари. Само во 2024 година, инвестираат 45 пати повеќе од вредноста на таа некогашна економија.

Кога никој не те сака

Еве ја сцената кога еден од говедата кои ни го сменија името, откако ќе му заврши имунитетот на власта, ќе се почувствува малку нелагодно меѓу своите, па ќе помисли, да пробам кај Грците и Бугарите, со нив направив ептен големи пријателства? Чул те Господ, оффнет., чул те Господ.

Една е мајка ама татко и син се двајца

Синот решава да го изненади татка си носејќи му дома две млади стриптизетки. За сè друго погрижува мајката и нејзината мирна но оди-па-промаши-ја присутност.

Треба да знаеш да удриш

Толку се направени гипс што победникот ќе верува дека го нокаутирал противникот со прецизна клоца во газ а поразениот нема ни да се сеќава на некој пораз. Авенџери полни со промили. Битно, нервозите да поминат.

Зошто не враќа, зошто?

Ок, класика, на пијано ѝ пишува пораки на бившата. Не ја знаеме ама сме сигурни дека нема да му врати.

Ковидијанци

Многу излудевме со пандемијава, многу. Ова е само оној видливиот дел од нашето забегување.

Виски препеченица

Човекот решава да удри втора дестилација на евтино виски од супермаркет. Не само за да види дали препекот ќе личи на порафинирано виски или пак ќе мава накај некој прочистен алкохол како вотка, туку после ги меша остатоците од дестилацијата (боја, карамелизација, вкусови) со обична вотка. Значи, дупло занимливо.

Никогаш не сме биле поблиску да станеме антиваксери

За среќа, кај нас за Филипче сè остана на стикери и аплаузи од балкони. Чујте го овој мал жбитак (кај нас ваквите ги очекува убава партиска кариера) и нека ве облее туѓа срамота, тоест секонд хенд резил.

Зошто ток-тик и понг-пик параат уши

Се работи за едно од најуниверзалните правила во многу јазици кои некако природно ги почитуваме и без да знаеме за правилото. А „незнам“ и “сеуште“ никако да се научат.

20 години ќе пројдат, меракот никако

20 години да ти поминале од Weapon Of Choice на Фетбој Слим (издадена е 21 април 2001 година), песна со еден од најфраерските спотови евер. Режијата е на Спајк Џонз а фраерот Кристофер Вокен. Знаете ли дека пред да стане глумец, Вокен бил денсер во музички театар? Јубилејно, во 4К.

Видео, лаги и реклами за храна

Единствена причина зошто храната кај тебе во тањир не излгеда како храната на телевизија е затоа што оваа втората во најдобар дел не е храна и не е за ставање во уста.

Скапо научена лекција

Деца задеваат бик, бикот подбира едно од нив, прилично брутално го дига на рогови, детето му се извинува, бикот го прифаќа извинувањето и заминува.

Кога не знаеш да го одбиеш шефот

Еве, со вакви ни се полни институциите, од смешни подрачни единици па до влада и собрание. Со луѓе кои ем ќе се искилават, ем ќе направат белја, само затоа што кога шефот ќe им даде некоја сулуда задача, не знаат да му кажат: Шефе, не бива таа работа така.

Бутиџеџ, камај

Американскиот секретар за транспорт Пит Бутиџеџ, многу држи до својот имиџ на еко--освестен политичар. Интернет вади снимка како тоа може да изгледа: со службен блиндиран џип му го носат точакот, му го вадат од гепек и после тој гордо ги одпедалува последните неколку стотини метри до дестинацијата.

Кој го викна овој?

Кога западен медиум ја покрива пресудата за полицаецот Дерек Шовин за смртта на Џорџ Флојд, Брендон Татум се чини како пасент гостин; ем е ЕКС полицаец што значи дека веќе не е дел од озлогласените ескадрони кои сејат смрт меѓу црнците, ем и самиот е црнец, што значи дека - не е белец. Ама Татум така ја разби лажната расна агенда што којзнае кога пак ќе го видиме на Би Би Си.

Ќе правиме ли фајронт во 2040-та?

Во 1973 година, научници од МИТ го создаваат компјутерскиот програм „World One“ кој прави математички модели за влијанието на развојот врз одредени аспекти на живеењето.

Леброн волку банани во живот нема попиено

Леброн Џејмс по автоматизам се цимнува на расни прашања па во еден инцидент во кој бел полицаец пукаше во црна девојка, веднаш твитна дека е уморен полицајци да му ги убиваат браќата и сестрите. Полицијата извади снимка од body-cam, се виде дека не е тоа така банална ситуација (девојката со нож сакала да убие друга црна девојка) па Леброн го избриша твитот. Кенди Овенс е тука да му покаже колку е глуп, ако треба, на забавена снимка.  

Бед бојс, бед бојс

Добри дечки одат во полиција за да бркаат криминалци и олош, да направат нешто добро за местото во кое живеат, да ги одбранат послабите и малтретираните.... И после, смена им поминува вака.

Во чест на лондонските (и други) баби

Драги млади, колку и да се трудите....

Линдеман звучи руски

Фронтменот на Рамштајн извади соло песна испеана на руски јазик. Музиката и текстот се на покојните руски автори Никита Богословски и Евгениј Долматовски. Нејасно е дали е соло парче или најава на нов албум, ама „Саканиот град“ покажува дека тоа рускиот јазик ги омекнува и најтврдокорните гласни жици.

Јаху ги гаси одговорите

Yahoo Answers e веќе само на read-only верзија (не можат да поставуваат нови прашања) а сајтот, после 15 години, дефинитивно ќе се гаси на 4 мај. И супер и штета, беше тоа чудесна ризница од глупи и преглупи прашања, што за тролање, што највистински.

Јапонски ѓериз

Има и кај нас вакви работи, вода да им тече на луѓе пред порти. Сè е навидум исто и во Јапонија, се додека подлабоко не се заинтересираш за темата.

Корида меѓу Србите

Ташмајдан, Белград, 2 октомври 1971 година. Гостува автентична шпанска корида, присутни 5.000 луѓе во публика.

Што Стивен Фрај би го прашал Господ?

Ова на многумина баш и нема да им звучи убаво, ама па и животот не е саде богоугоден(види вести). Грчките богови полесно би минале во муабет со Фрај, просто затоа што и покрај сите каприци, тие барем никогаш не се преправале дека се хумани. „А дечкото е манијак,“ ќе рече Фрај кој, по важечките услови, не би ни сакал да оди во рајот.

Druggy - Кензо Танге

Немаме многу да ви кажеме за дечкото (само пар референци: Аномалија натива, продуцент на Бонус трака) освен дека е скроз добар, занимлив и свеж, со рефрен кој лесно влегува меѓу чеканот и наковалната и една супер комбинација од брич стихови и ритам кој ве тера да ги мрдате куковите & дуповите. Замислете го Мирко Субвенција, ама да го бива. Ок, ок, многу бараме од вас.