Зошто ток-тик и понг-пик параат уши

Се работи за едно од најуниверзалните правила во многу јазици кои некако природно ги почитуваме и без да знаеме за правилото. А „незнам“ и “сеуште“ никако да се научат.

Правилото вели дека ако постојат три звучно слични зборови, самогласките одат по редоследот А, О, И.

Во случај на два такви збора, прво доаѓа И па пота А или О.

Затоа ок ни звучат зборовите пинг-понг, миш-маш, тик-ток, Кинг Конг, хип-хоп, динг-донг. Пробајте некој од овие зборови да ги кажете обратно, одма ќе зачкрипи.

Правилото непогрешно го следиме иако не го знаеме а има и свој стручен назив „аблаутна редупликација“ или редупликација на звучна градација.

Постои и едно друго чудесно правило дека пред еден именка, придавките треба да бидат наредени по следниов редослед: мислење- големина- возраст - облик-боја- потекло-материјал- намена.

Затоа е можно да разбереме англиска реченица од типот:
Прекрасен мал стар правоаголен зелен француски сребрен резачки нож.

Избуричкајте го тој редослед и ќе звучи шашаво.

27 април 2021 - 15:20