Off Topic

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Биди Кина

Во 1988 година, имаа само 147 км автопатишта. во 2025 година имаат речиси 200.000 километри. Очекуваниот животен век, од 61 година, се качува на околу 78 години. БДП од 180 долари оди на 13.900 долари. Во 1975 година, целата економија им вреди 164 милијарди долари. Само во 2024 година, инвестираат 45 пати повеќе од вредноста на таа некогашна економија.

Римските императори од нашето маало

Канадскиот дизајнер Даниел Вошарт ги оживеа античките римски императори преку нивни реалистични дигитални портрети. Го оживува ладниот мермер па историски скулптури и други докази користи како основа да ги рекреира нивните лица со „овоземни “детали. Некои од овие императори, кои живееле пред речиси 2.000 години, изгледаат како луѓе што би можеле да ги видите додека чекате на автобуска станица.

Куќи за нервирање на комшијата

Ехеј, го има ова и кај нас! Ги викаат „spite houses“ — куќи или објекти изградени намерно како одмазда на соседи, роднини или градски власти. Најчесто се градат поради спорови за земја, наследство, реметење на погледот и слично. И кога омразата ќе заврши и луѓето ќе починат, објектите остануваат како споменици за тоа за какви ситници луѓе знаат да се закрват. 

А солзата исто боли

Европа мисли дека не е исто. Таа одбира кого ќе го жали. На светот му е нормално Британија да ги „брани“ Фокландите, островца до аргентинскиот брег, 17.000 километри далеку од Британија. На светот му беше нормално САД брутално да ја разрушат Либија и да го убијат, откако претходно страшно го измачија, нејзиниот претседател и син му?

Заев и Џорџ Буш, тие се тие

Вован и Лексус, пранкерите кои го возеа Заев дека зборува со украинскиот претседател Порошенко, за утре, 19 мај, најавуваат нов видео-заеб, овојпат со 43-от претседател на САД, Џорџ Буш помладиот, човекот за кого на Он.нет имавме посебна рубрика „Бушалаштини“. Како наоѓаат да удрат сè на генијалци?

Невестите од Азовстал

Сопругите на борци од нео-наци батаљонот Азов стационирани во железарницата во Мариупол добија голем публицитет во западните медиуми; даваа интервјуа, гостуваa на француска телевизија, се сретнаа дури и со Папата. Можеби и поголем публицитет отколку што им требаше, бидејќи почнаа и поинакви слики да се појавуваат.

Џони Деп, ако го изгуби спорот

Ако сте од „тимот Амбер“ (има ли воопшто такви?) фаќајте сеир како ќе преживува Џони ако го изгуби судскиот случај против неа (тој ја тужи за 50 милиони, таа контра за 100). Ако сте од негова и верувате дека поротата ќе сконта колку е она фејк, тогаш лабаво: пазете како овој цар маестрално го има скинато манирот на Џек Спероу.

Напредокот ни донесе срање во боја

Американско пропагандно видео од 1939 за Финска. Освен што не е во 4К туку во црно-бела техника, останатото е копи-пејст исто ко денес. Запад нуди помош, Америка дава чекови, се спомнува питомиот народ и големите личности кои ги изнедрил. Сè е факинг исто, а што очекувања имавме од овој 21 век. 

Биологијата упорно не е политички коректна

Мешана штафета на атлетското првенство во Доха. Мешана по системот две машки, две женски, и секој бира по кој редослед ќе ги пушти. Полска, за разлика од сите други почнува со двајцата мажи, па за крај ги остава двете жени. Благодарејќи на ова, во последната измена влегува со 5 секунди предност.

Не му го попречувај на човек патот до плескавицата

Принцип на рамноправност и несметање гласи: никој не те запира да јадеш трева, немој и ти мене да ме запираш да јадам месо.

Одберете си пропаганда по мерка

Повикувајќи се на украински извори, Ројтерс јави дека украинските војници кои го бранат Харков до толку жнеат успеси на бојното поле што успеале да стигнат до руската граница! Русите викаат, чекајте, имаме видео за тоа. 

Што е жена?

Мат Волш направил филмче околу прашањето кое и инаку го поставува кога дебатира со транс-родови лица, на што обично одговараат дека „жена е сè она што го подразбираат оние кои се чувствуваат како жени“ (патем, тоа е логичка грешка позната како „циркуларна дефиниција“). Еден дедо бива прашан: Како знаеш дека си маж? Одговорот на стариот е олдскул.

Денес и фудбалерите подолго траат од новинарите

Јас можам да те мислам за глупава плавуша, но не смеам да кажам дека ќе те силувам, ќе те убијам, ќе те распарчам и ќе те фрлам во шахта. Можеби изгледа комплицирано, но во суштина не е. Треба да ни се симнат од врат оние илјадници пациенти со душевни болки, да се оддели вредносниот суд од фактичката клевета и да се декриминализира добрата стара навреда.

Лекција за абортусот (што не ја пишува во Библијата)

Пошто пак се разгорува темата за абортусот, да споделиме едно мислење кое е по наша мерка. Ако сте верници, треба ги имате сите слободи да ја практицирате вашата вера. Меѓутоа, кога против абортусот ќе потегнете аргумент дека „така пишува во Библијата“, бидете спремни да дознаете дека не на сите им е гајле што пишува во Библијата. Јасно?

Не прашувај руски амбасадор што има да каже, ако не сакаш да чуеш што има да каже

Тазе исфарбан со црвена боја пред споменикот на Советските војници во Полска, рускиот амбасадор Сергеј Андреев е пречекан од полски новинари со прашање на готовс за него: „Вие сте облеани со крвта на украинскиот народ, како се чувствувате?“

Налет ваква нетолерантна Швајцарија

Швајцарија ја укина својата неутралност и отворено се стави на страната на анти-роштиљ глобалната оска. По повод Ѓурѓовден, наши („ајне Југославиен“) фатиле да вртат јагне во дворот на својата куќа во Швајцарија во која живеат веќе неколку години. Од никаде се појавува швајцарски екстремист со ПП апарат и алпинистички копач во рака. Судирот не завршува среќно за јагнето и за гостите.

26-те најбогати готвачи на светот

Меѓу светските готвачи од највисока класа, постои само еден кој е милијардер. И тоа не е еден од извиканиве кои не се симнуваат од телевизија, Џејми Оливер или Гордон Рeмзи. Човеков може да ги купи и двајцата и да му останат точно уште толку пари колку што дал за нив.

Еволуцијата на еден крик

Онаа урлање на првиот вокал, со отворено грло и јак воздух од гради, некогаш беше карактеристично за Тарзан, господарот на џунглата. 90 години подоцна крикот се сели во една друга џунгла, наречена Европски парламент, во вид на некаков, ебемлига, протестен перформанс. Ние остануваме на нашето „ааааа“.

Изгледа Кинези сепак знаеле да градат автопати

Истите овие што ги прогласија за неспособни да изградат автопат од Кичево до Охрид, на крајот од февруари почнаа да градат нов 150 километри долг автопат низ пустина, на чист песок, кој треба да биде готов и пуштен во употреба во октомври следната година.

Британска школа на новинарство

Водителот на Скај њуз во вестите го има заменикот постојан претставник на Русија во О.Н. и го бомбардира со обвинувања во очекување дека тој ќе биде беспомошен пред неговата вистина следствено на унифицираниот западен наратив дека руската позиција секако е неодбранлива. Разговорот завршува со „немаме веќе време“.

Совети за подобар сон од доктор Лавров

Ако не можете да спиете заради руско-украинската војна, ако без сон ве остава фактот дека тоа може да се случува во овој 21 век, бардот на меѓународната дипломатија, Сергеј Лавров, има неколку совети за смирување на вознемиреноста од тој тип.

Помош за (некои) луѓе од Украина

На некој добронамерник од Запад му текнало дека украинскиот народ е во невоља и дека е човечки на тие луѓе да им се помогне. Ама па, од друга страна му е јасно дека тој (и фирмата од која вади леб) не може на сите да им помогне. Еве го неговото „out of box“ размислување. 

Топ ган е најдобриот геј филм на сите времиња?

Тарантино има разработено цела теорија како тоа Топ ган го има најдоброто сценарио што некогаш се појавило во Холивуд, и како целиот филм се врти околу тоа дали Том Круз ќе стане геј или не. Ќе стане (според теоријата и филмот).

Ајланд Бојс ги освојуваат Хаваи

Оние тетовирани неухранети ТикТок јадници Ајланд Бојс, доста бучно дојдоа на Хаваи. Најјаки. Не мина многу време, некои локалци прописно ги исќофтаа и им ги испоукрадоа златните ланци. Многу се бре греови. А вежбаа, не дека не.

Порака од нобеловецот до идните генерации

Во интервју од 1959 година, Бертранд Расел, логичар, математичар, историчар и нобеловец за литература, го прашуваат што би било вредно да им каже на оние генерации кои би го гледале интервјуто после 1.000 години. За животот што го живеел и лекциите кои ги научил.

На некоја и пукнал филмот од работење во српски Лидл

Радница из Лидела под името @lidelpropo на Твитер објавува цел ферман од нејзиното искуство од работењето (преработењето) во српски Лидл, и објаснува како преполовувањето на бројот на вработени по продавница на крај резултира со тоа ти да купиш месо со 20 дена поминат рок.

Про-украинската акција во Словачка за малку ќе успееше

Билборди на автопати низ Словачка беа излепени со украинско знаме во знак на поддршка на Украина во војната против Русија. Кратко по поставувањето некој комплетно ја смени наклонетоста на билбордите.