Порака од нобеловецот до идните генерации

Во интервју од 1959 година, Бертранд Расел, логичар, математичар, историчар и нобеловец за литература, го прашуваат што би било вредно да им каже на оние генерации кои би го гледале интервјуто после 1.000 години. За животот што го живеел и лекциите кои ги научил.

За нив имам две пораки, интелектуална и морална.

Интелектуалната е следнава: кога проучувате некоја работа или разгледувате некоја филозофија, запрашајте се единствено за ова: кои се фактите и која е вистината која тие ја носат. Никогаш не си дозволувајте да скршнете во она во што сакате да верувате или во она што би било општествено прифатливо да верувате. Гледајте само и единствено на фактите.

Моралната порака која би сакал да ја слушнат е многу едноставна: љубовта е мудра, омразата е глупава. Во овој свет кој сè повеќе и повеќе е меѓусебно поврзан, ние мораме да научиме да се толерираме еден со друг и мораме да се справиме со фактот дека луѓето некогаш ќе кажат нешто што не ни се допаѓа. Ако сакаме да живееме заедно, а не да изгинеме заедно, мора да се научиме на таа човечност и толерантност кои се апсолутно витални за опстанокот на човештвото.

********

Види и:

Бертранд Расел: „Пушењето ми го спаси животот“

Писмото од затвор на 89-годишниот Бертранд Расел до сопругата

Koга Бертранд Расел го сретна Ленин

Како да не остариш?

 

 

10 мај 2022 - 15:09