Вован и Лексус, пранкерите кои го возеа Заев дека зборува со украинскиот претседател Порошенко, за утре, 19 мај, најавуваат нов видео-заеб, овојпат со 43-от претседател на САД, Џорџ Буш помладиот, човекот за кого на Он.нет имавме посебна рубрика „Бушалаштини“. Како наоѓаат да удрат сè на генијалци?
Што и да направат со Џорџ Буш, најјако ќе им остане она дека после повеќемесечно мајтапење, на крајот ТИЕ не му дигнале телефон на Заев, пошто, брате, досаѓал. Слепецот веројатно сакал да се курчи некому кого сè има тој на линија.