26-те најбогати готвачи на светот

Меѓу светските готвачи од највисока класа, постои само еден кој е милијардер. И тоа не е еден од извиканиве кои не се симнуваат од телевизија, Џејми Оливер или Гордон Рeмзи. Човеков може да ги купи и двајцата и да му останат точно уште толку пари колку што дал за нив.

Се вика Алан Вонг, тежи 1,1 милијарда долари.

Рецептот за „Minute Poke“ на Алан Вонг го имате подолу.

Рецепт за „Minute Poke“ (хавајска шопска) на Алан Вонг

За три лица се потребни:

 142 грама свежа туна од сашими- ниво (онаа која е безбедно да се јаде жива).

Три големи лажици (9 грама) ситно сечкан млад кромид.
Шоља (40 грама) стар бел кромид.
 

За сосот:
Една ипол лажичка (3 грама) самбал (индонезиска чили паста)
Една лажичка (5 грама) сос од остриги
Една лажичка (4 грама) соја сос
Една ипол лажичка (6 грама сусамово масло)
Една четвртина лажичка (грам ипол) инамона, мелени хавајски желади (по вкус слични на макадамија)
Eдна четвртина лажичка мелен ѓумбир

Додатоци: морски тревки, хавајска сол

Подготовка

Туната се сече на коцки од околу 0,6 сантиметри и се остава во фрижидер додека да затреба.

Младиот и стариот кромид се сецкаат одвоено, тенко во обата случаи.

Во сад се мешаат состојките за сосот.

Во модла (9 на 5 cm) ставена на длабока чинија прво се става стариот кромид, па коцките туна па младиот кромид. Се притиска и се вади модлата. До сервирање се чува во фрижидер.

Сосот се става отстрана а со морските тревки и малите купченџа хавајска сол се аранжира чинијата.

Како што вика самото име, за оваа шопска потребна е само една минута подготовка.

Забелешка од Алан Вонг:
„Јас го измислив името. Најубаво е ако состојките кратко се маринираат меѓусебе, да отстојат малку“.

Повеќе рецепти - ОВДЕ

12 мај 2022 - 15:02