Воопшто не е спорно дека на сите ни е жал за украинскиот народ. Потресни се сликите на бегалци, на деца. Итно треба да се сопре страдањето на невини луѓе. Тоа воопшто не е е спорно.
----------
Само што, ниедна зграда во Европа не беше обоена во боите на српското знаме за 78 дена бомбардирање на НАТО. Дали Европа знаеше дека во Грделица е погоден воз за кој пилотот кажа дека е цивилен но командата сепак гласеше: ПАЛИ!?
Војната и страдањата секаде се страшни а солзата исто боли.
Европа мисли дека не е исто. Таа одбира кого ќе го жали.
Втора работа е светската хистерија против Русија. Кое крешендо е тоа, мајко мила!
На светот му е нормално Британија да ги „брани“ Фокландите, островца до аргентинскиот брег, 17.000 километри далеку од Британија. Два месеца траеше војната и загинаа оклу илјада луѓе.
На светот му беше нормално САД брутално да ја разрушат Либија и да го убијат, откако претходно страшно го измачија, нејзиниот претседател и син му?
На светот му е нормално Америка насилно да воведува „демократија“ кај што ќе посака. Ќе влезе во Гватемала, ќе го сруши демократски избраниот претседател, ќе помогне паравоени формации кои имаат сторено страшни злосторства над цивили, ќе постават свој човек.
Да го спомнувам Ирак и што сè ѝ направија на таа земја?
Толку го навикнаа светот да прават што сакаат, што во Америка е позната реченицата „Од каде им е наша нафта под нивниот песок?“
Дали некој бојкотираше нешто што е американско?
САД не дозволија руски ракети на Куба.
Русија не дозволува Украина да стане база на НАТО.
Просветлете ме, како постапките на Вујко Сем се дозволени, а на Вујко Вања не се?
Да, Куба не војуваше. Знаете зошто? Затоа што Русија ги деинсталираше своите ракети. Да не гине кубански народ и светот да не влезе во уште една војна.
Америка немаше влезено воено (додуша, пробаа - н.з.) ама стави ембарго. Toa ембарго трае од 1962. Шест децении.
Европа жали и сочувствува само со оние на кои ќе посочат меинстрим медиумите, по добиени инструкции од властите.
Така на некои солзи им се верува, а на некои не.
А солзата исто боли.
Жижа Радивојевиќ