Off Course

Зошто издиша „Epic meal time“?

За да знаете колку ниско е паднат Епик миал тајм треба да го знаете на неговите почетоци и пикот на славата. Еден од првите вистински Јутјуб канали денес е греота.

Како да нахраниш 6.000 рудари во еден ден

Кујната на Мазалај ресторанот ги опслужува рударите од Оју Толгу рудникот во јужниот дел на пустината Гоби во Монголија. Таа во исто време може да послужи 1.500 рудари. Кога е гужва служи по 6.000 порции од еднаш и 20.000 порции во текот на денот.

Зошто СССР беше „Советски“?

Потеклото на терминот „Советски“ во СССР, а претходно во Советска Русија, е од периодот на последните години на Царска Русија и доаѓа од редовите на угнетената работничка класа.

Лекција по острење, чистење и одржување кујнски ножеви

Сижето на лекцијата е: евтин нож остри го со што сакаш, ама гледај да биде остар за твое добро и здравје; скап нож се остри со камен.

Египет гради сосема нов главен град, наместо Каиро

Од 104 милиони жители на Египет, едно 20 милиони живеат во Каиро, град и инфраструктура кои никогаш не биле планирани за толку многу народ. Пред некое време Египет реши да почне од почеток.

Неверојатната логистика на Ф1 сезона

10 тимови со најнапредните возила што некогаш постоеле на планетава, треба во рок од 9 месеци да ја обиколат Земјата и на секое место на кое ќе стапнат да ги извадат најдобрите перформанси.

Зошто скафандерот на Гагарин не смеел да се фотографира?

На фотографиите веднаш по слетувањето на Земјата, Јуриј Гагарин носи обична топла термо-облека. Нормално дека не летал во вселената само со неа.

На пазар во Нигерија

Лагос е најголемиот град во Нигерија и општо во Африка. Според официјални бројки има 25 милиони жители, според гужвата на пазарот изгледа ко да има најмалку дупло од тоа.

Дечкото што го живее твојот Јутјуб сон

Под услов сонот да ти бил да купиш стара фарма, сам да почнеш да ја реновираш и тоа да го документираш на Јутјуб и да вадиш пари од истото, тогаш Карл Роџерс веќе е неколку години пред тебе.

Таксистот, собирачката на боровинки и продавачот на сендвичи што владееа со светот

Првиот се вика Владимир Путин, втората е Ангела Меркел, а третиот е Барак Обама, и пред да бидат овие имиња биле само луѓе што требало да извадат некоја пара за живот.

Големината на Африка, вечната лага на европските мапи

Африка не е голема, Африка со површина поголема од Кина, Индија, САД и најголемиот дел од Европа заедно, е најголема. Ама тоа упорно не изгледа така.

Операција „Божиќна пратка“

Се работи за најдолгата операција што американската војска некогаш ја спровела, а во неа цели 70 години американската авијација е глуми Дедо мраз за жителите на повеќе пацифички острови.

Најдобар алат за 2021 (веројатно)

„Проект фарма“ е Јутјуб канал чиј сопственик има една ретка пасија, на раб со фетиш, за што е можно понаучна методологија да тестира алат со водење статистики и правење графикони.

Како Ајфеловата кула ќе завршеше на отпад

Најпознатиот споменик во Франција и една од најголемите светски туристички атракции е изградена во знак на одбележување на годишница од Француската револуција и како симбол на француската индустриска моќ. Меѓутоа овој симбол не беше планирано вечно да трае, па ни нешто посебно долго.

Гробниците на велосипеди

На хартија речиси и да нема полесна работа од тоа да му изнајмиш велосипед на Кинез на неколку часа, за што и да му треба низ град. Во пракса излезе дека премногу луѓе во исто време ја имале истата хартија во рака.

Чистачи на упропастени теписи

Се работи за американска компанија и муштерии, па затоа и за американските типови на теписи што се распослани преку секој сантиметар квадратен од станот / куќата.

Кулачен бокс, спортот што Русија повторно го дозволи

Наводно прв пат се споменува во 11-от век, а последен пат целосно е забранет во 1832, за повторно да се појави по Октомвриската револуција само за потоа Советите само да се прават како да не го дозволуваат, се работи за голорак бокс кој вон Русија е познат како - Руски бокс.

Принцип на седум генерации

Принципот на седум генерации како филозофија која потекнува од Големиот закон на Ирокезите бара од сегашната генерација на луѓе при секоја постапка и одлука што ќе ја донесе да размисли дали таа ќе биде од корист за нивните деца седум генерации од денес.

Разнесувачот на пица што изгради империја од милијарда фунти

Наспроти почетоците во пица индустријата (Пица хат) успехот на Бен Францис доаѓа на сосема спротивната страна од дијапазонот на бизниси - фитнес и билдинг суплементи и опрема.

Сте чуле за Чарлс Харелсон?

Чарлс е лик од Тексас кој по цел живот правење зулуми станува најпознат како татко на Вудроу Харелсон или во народот познат како Вуди.

„Клиника за чанти“, доктори за упропастени чанти

Публиката за која работи компанијата е многу специфична демографија: луѓе кои имаат да потрошат илјадници евра на чанта, меѓутоа да немаат премногу илјадници па да им е сеедно дали ќе ја фрлат чантата или ќе се малтретираат да ја носат на „доктор“.

Сè е мултивитамин

За просечниот човек, витамин е неуловлив термин, бидејќи означува нешто невидливо кое се крие во вашата храна или некое кутивче во шкаф. Мултивитамин е уште по неуловлив термин, и повеќе се користи како уметнички, отколку како научен назив. На етимолошко ниво тој се однесува на кој било суплемент што содржи повеќе од еден витамин.