Од времето на Малтус до денес се случуваат две важни работи за Норвешка.
Прво, земјата открива нафта.
Второ, земјата успешно ја прележува „нафтената клетва“ и наместо да тргне по патот на Венецуела или Либија, и инстантно да се уништи себе и економијата заради напливот на нафтени приходи, таа успешно ги дели парите меѓу својот народ, а нафтата останува ресурс на секој Норвежанец.
Освен ова, има и други работи што Норвежаните ги имаат погодено и стигнале денес да се Норвешка.