Од старт Популар меканикс видеото го опишува дека „се обидува“ да објасни што треба Њујорчани да направат, и дека „нуди гол минимум со маргинално корисни информации“ што да се прави во случај на нуклеарен напад.
Во основа видеото нуди три чекори за преживување нуклеарен напад:
- Влези внатре.
- Остани внатре.
- Чекај дополнителни информации.
„Овие правила изгледаат како да се напишани без да се земат предвид уникатните околности околу нуклеарниот напад, и истото може лесно да биде припишано за земјотрес, ураган или зомби апокалипса,“ објаснуваат од Популар меканикс.
Процените што ги вади магазинот е дека за напад на цивилни и воени цели во САД ќе требаат 2.031 термонуклеарна бомба, кои ќе убијат 62,4 милиони Американци.
Од овој арсенал за да бидат срамнети градот Њујорк и околината ќе бидат потребни само 12 руски термонуклеарни бомби. Во ова сценарио Менхетен повеќе не постои.
„Огнена топка со температура до еден милион степени Целзиусови, температурата на внатрешниот дел од сонцето, ќе запали значителен број од зградите во градот и ќе претставува ризик за пожар за останатите.
Бранот од експлозијата ќе биде доволен за да срамни со земја околу 40% од градот вклучително и бетонски згради.
Дебел, невидлив слој на радиоактивни честички ќе го покријат островот, а во голем број случаи ќе убијат до 95% од лицата кои ќе бидат изложени на нив,“ објаснуваат од Популар меканикс.
За магазинот е проблематичен оптимистичкиот тон на видеото, кое освен што им препорачува на луѓе да седат по дома во дома која нема да постои, на крај им вели и „можеш ти“, и покрај тоа што во случај на вистински напад речиси сите во Њујорк веднаш ќе умрат.
Според експертите од Билтенот на атомски научници, видеото веројатно предвид имало далеку помал напад, со помала нуклеарна бомба, а не целосно уништување на САД и Њујорк.