Незапирливата и недостижна предност на Американците се случува и покрај тоа што тие за противник ја имаат една од најмоќните држави на светот, држава која слета на Венера и која го имаше првиот човек во вселената.
Во 1948 СССР дознава дека во САД и изграден ЕНИАК, првиот компјутер за општа употреба што може да се програмира. Веќе во тоа време на Советите им треба унапредување на начинот на кој ги изведуваат калкулациите, посебно тие за воени потреби. На пример, пресметките неопходни за создавањето на нуклеарната програма ги прават над 100 „калкулатор девојки“ кои работат во 8 часовни смени.
Во тоа време дури и ова да можат да го покријат со луѓе, властите знаат дека на пример нема да можат да најдат доволно луѓе за пресметување на диференцијални равенки.
Истата година во рамки на советската академија на науките се основа Институтот за прецизна механика и компјутерска технологија, кој ќе биде задолжен за советската компјутерска програма. И Институтот тргнува во создавање на механички, аналогни калкулаторски машини.
Наспроти институтот и неговиот директор, генерал Николај Бруевич, е украинскиот научник и херој на трудот, Сергеј Лебедев, кој дознава за обидите на САД да изградат дигитален компјутер. По ова Лебедев започнува со изградба на својата „мала машина за пресметки,“ МЕСМ, истата има 6.000 „лампи“ и зафаќа 60 метри квадратни.
Во декември 1951 МЕСМ ја решава својата прва равенка, која има 250.000 поединечни пресметки и која траела 2,5 часа.
Лебедев и МЕСМ по ова го преземаат Институтот од Бруевич, меѓутоа во исто време се појавува конкурентски институт под закрила на Министерството за машини, кој почнува да работи на сопствен компјутер.