Анатомија на живот во кутија за чевли

„Кутија за чевли“ е терминот што се користи за кафезите и слични решенија, во кои живеат најсиромашните жители на Хонгконг, околу 220.000 од нив, отприлика помали отколку бокс за куче.

Причини за постоење на кутиите се:

- Пренаселеност на Хонгконг (7,5 милиони жители).

- Прескапи недвижности (2.550 долари за квадратна стапка, или речиси 28.000 долари за метар квадратен, стан).

- Просечно време на чекање од повеќе од 6 години за добивање „државен стан“ под кирија.

Најниско ниво на кутиите се кафезите кои се начичкани во соби и стандардно се на две или три нивоа, колку што дозволува височината на собата. На една просторија со над 10 кафези обично следуваат две купатила и туш, а знаат да имаат и мини кујна.

Самиот кафез има површина од неполн 1,5 метри квадратни, односно должината и ширината на креветот (175 на 75 сантиметри) на висина од 90 сантиметри. Во овој кафез, кој стандардно е опремен со 2 штекера, 1 вентилатор и врата, се наоѓа целиот посед на неговиот кираџија.


Едно ниво на луксуз повисоко од кафезите, се просторите за кревет. И понатаму се работи за кутија, само што оваа е за некој сантим поголем кревет (180 х 77) и висина од 1,2 метра. За овој луксуз се плаќа и до 382 долари месечно.

Кај овој пакет кутиите се наредени максимум на две нивоа, а тоалетот и кујната се малку посредени (дури имаат и фрижидер и решо), плус имаат и вифи.

 

Шкаф-домовите се првиот чекор над живеење во кутија, иако повторно се работи за поделена просторија, со заеднички тоалет и кујна.

Жителите на шкафовите имаат простор од по 3,5 метри квадратни, на висина од 1,65 метри, и тука за прв пат целата просторија не е кревет.

 

Подстановите се првиот привид на каков-таков стан. Повторно се влегува во иста просторија, но тука имаш сопствена кујна и сопствен тоалет. Вообичаената површина им е околу 11 метри квадратни, за кои се плаќа кирија од 642 долари месечно.

Освен купатило и кујна, еден од ексклузивитетите на овој простор е имањето сопствен прозор.

Кинеската влада вети дека до 2049 ќе ги укине сите овие форми на домување.

13 јуни 2022 - 12:25