Дилерот што го интервјуира Вајс две години шверца дрога, главно од Амстердам за Финска, и главно кокаин, а паѓа заради купче марихуана.
Работата што тој ја работи е чисто шофер и не учествува во ниту еден друг дел од операцијата. Типот само доаѓа во гаража и му даваат подготвена кола, во која нема пристап до дрогата бидејќи е заштитена во посебен бункер во возилото кој може да се отвори со отпечаток.
Просекот на секоја пратка е околу 150 цигли дрога (1 цигла = 1 килограм).
Во овие две години тој има по 7 пратки годишно.
А изборот на кола зависи од тоа колкав товар ќе се носи. Мерцедес Ес класа се практикува за пратки над 200 килограми бидејќи „автомеханичарите“ од гаражата знаат каде да ја сместат во него (под задно седиште или под гепек).
Исто така, ако го работиш ова важно е да имаш куче.