
Скан-Мед или Хелсинки-Валета коридорот е долг над 4.850 километри, од кои најпроблематичен за сега се покажа сегментот кој треба да мине под Алпите.
Само тунелот што треба да ги пробие Алпите ќе чини над 11 милијарди долари и е клучен за вертикалното поврзување на континентот.
За овие пари Европа ќе добие тунел од 55 километри под Алпите, кој во пракса ќе има три „цевки“ по една нагоре и една надолу, и една која по завршување на градбата ќе служи како одвод.
Работата на тунелот започна во 2008.