Зошто Русите го избраа Лондонград

Лондон со децении без проблем е вториот дом на гнасно богатите руски (и други) милијардери, од што сериозно профитираше и попатно го доби прекарот - Лондонград.

Сите овие години привлечноста на Лондон, покрај имиџот, главно е во можноста да се исперат пари и да се избегне плаќање данок.

Позиционирањето на Лондон како најотмена пералница на пари во светот не е нешто ново и почнува по Втората светска војна, во времето кога Британија сериски ги губи своите поранешни колонии.

Пред војната кога Британците се заканија дека ќе ги санкционираат руските милијардери и ќе им ги блокираат парите, одговорот на Москва беше „од кога ве молиме да го направите тоа“.

17 мај 2022 - 16:16