Алатот е: рачен циркулар, шрафилица и фиксен циркулар (овој дури и може да се избегне, ако имаш граничник и феноменално знаење за работа со рачен циркулар). Ќе треба и друг ситен алат, ама не електричен.
Материјалот, освен лепак и штрафови се: греди за ногарки (оптимално 10х10), штафни за рамка на масата и попречно стабилизирање и две плочи за горната и долната површина.
Затоа што сепак треба да направи некоја пара од проектот, Малецки во видеото не ги дава точните димензии и планови, ама ги има достапни кај него на сајт за 5 долари, а веројатно и сам ќе можеш да пресметаш по твоја мерка и просторот што го имаш.