Таг: направи сам

Да не ви се прави работна маса?

Ветувањето од Џон Малецки е лесна за правење и евтина маса за работилница, со употреба на неопходен електричен алат од вкупно 3 парчиња.

До велигденските јајца и по нив

Рецептиве за вапцање повеќе изгледаат дека се инстаграмски отколку канонски, ама па и никаде не вика дека во 5 сабајле треба да ги правиш.

Ако ова не ве натера да исчистите по дома, ништо нема

Принципот е ист како оние Тејст рецептите, само да е шарено, брзо и да изгледа како најлесната работа на свет. И знаеме дека е така, и пак ќе успее да ти створи некоја желба и самодоверба да се покажеш по дома. Ама па и ќе ти пројде.

Не сме нешто посебно домаќини, ама ова изгледа како на некој да ќе му заврши работа

Ова не се решенија на луѓе што немаат пипнато алат или работа, туку на намачени луѓе. Може не намачени, ама снаодливи сигурно.

Маж меѓу мажите

Видеово започнува со комплетно незанимлив кадар од чистинка сред шума, завршува со колипка изградена на таа чистинка. Ја гради еден човек, и притоа се користи само и само со тоа што го има во природа и околу него, без ниту траг од каков било алат. Не е некое режисерско ремек дело, ниту пак се пртгнале од монтажа, ама пак те остава подзинат заради тоа што му успева на човеков да направи со голи раце.

Мажи, сè е лага

Девојкава објаснува некакво направи сам упатство за жени, за тоа како да ги зголемат градите без операции и чуда. Она што ќе заврши работа поштено, ќе заврши. Само што после ова вие веќе ни на соптвени очи нема да може да верувате.

Хакирање на ИКЕА

Што се може да направите со работи од ИКЕА ако ги користите како што не било планирано да ги користите. Меѓу примерите: цела канцеларија од пластични кутии, или мини бар, или маса од неколку греди и мрежа, или имате цел сајт да разгледате што им текнало на луѓето.

Финти за низ живот 2

Може нема да ви требаат сите, ама тие што ќе ги одберете навистина ќе ви се најдат. Тоа со каблите во кутија и додатокот за правосмукалка за чистење тастатура, чиста брилијантност.

Фори за низ кујна

Некои се генерално за подобро да се снајдете и подобро да ја искористите кујната, а некои би требало да ви помогнат да направите подобар хамбургер или да ве изненадат што може да направите со леблебија.

Финти за низ живот

Не е дека сите овие фори некогаш ќе ги искористиме, туку повеќе е како ним им текнале, а нам не. А стварно се фори, сигурно нешто од ова ќе ви помогне.