Маж меѓу мажите

Видеово започнува со комплетно незанимлив кадар од чистинка сред шума, завршува со колипка изградена на таа чистинка. Ја гради еден човек, и притоа се користи само и само со тоа што го има во природа и околу него, без ниту траг од каков било алат. Не е некое режисерско ремек дело, ниту пак се пртгнале од монтажа, ама пак те остава подзинат заради тоа што му успева на човеков да направи со голи раце.

Меѓу оправданијата што може да ги имате се:
- му се погоди земјата за градење
- му се погодија дрвата да може да издржуваат
- му се погоди да биде суво
- му се погоди да биде мокро
- му се погоди да има големи листови
...

20 јуни 2015 - 12:18