Почина шпански фудбалер по страшен голмански лудачки фаул

Трагедија во шпанскиот фудбал. Утрово починал 30-годишниот центарфор на Тенерифе Хесус де Мигел откако синоќа врз него лудачки стартуваше голманот на Андора. Шпанскиот спорт е завиен во црно.

Настанот се случил на 2 ноември во понеделникот вечерта, на стадионот „Елиодоро Родригез Лопез“ каде Тенерифе ја пречекал Андора во натпревар од шпанската втора лига Сегунда. Домаќините воделе 2:0 а гостите израмниле со погодоци во 80-та и 87-та минута.

Во судиско продолжение, Тенерифе тргнал во еден контранапад. Центарфорот Де Мигел се обидел да прими една долга топка во воздухот кога голманот на Андора, Хесус Овоно тотално лудачки на сред терен, буквално на половина на игралиштето со грубо мајагери го фаулираше со сета сила. Голманот со колена го удрил силно во гради Де Мигел после што овој подоцна починал во болница од срцеви проблеми.

Мигел на лице место изгубил свест а присутните фудбалери до него преплашено мавтаа со раце за лекарска интервенција. Во рок пет минути докторите му пружиле прва помош после што итно е префрлен со возило на Брза помош во најблиската болница.

Според информациите на агенцијата Ројтерс, фудбалерот починал најверојатно на пат кон болница при транспортот. Лекарите се обидувале да го реанимираат но безуспешно.

25-годишниот голман Овоно од Екваторијална Гвинеја доби директен црвен картон за фаулот. Судијата Мануел Анхел Перез Ернандез го образложил исклучувањето дека е поради употреба на прекумерна сила во време на борба за топка.

Откако центарфорот бил однесен во болница, судијата ги прашал претставниците на двата тима дали да продолжат а тие изјавиле дека не се во состојба односно дека ментално не се тука да го продолжат натпреварот. Средбата на крај е завршена при резултат 2:2.

ДОКТОРИТЕ 20 МИНУТИ ПРАВЕЛЕ РЕАНИМАЦИЈА, НО УТРОТО ФУДБАЛЕРОТ ПОЧИНАЛ

 

За сериозноста на повредата се пишувало веднаш после натпреварот. Според шпански Cope Tenerife, благодарение на реанимациајта лекарите успеале да му го вратат на кратко пулсот на фудбалерот а реанимацијата траела околу 20 минути.

Де Мигел дошол во реанимација при универзитетската болница Нуестра Сењора де Канделарија. Таму можел самостојно да дише но бил во без сознание. Вечерта на 2. ноември Тенерифе го објави првото официјално соопштение. Клубот соопшти дека состојбата на фудбалерот е стабилна но многу тешка. Лекарите продолжиле со надзорот.

После неколку часа се појавила жалната вест. Ноќта на 3-ти ноември клубот излезе со ново соопштение: „Невролошката состојба на Хесус де Мигел е влошена. Дополнителни информации ќе бидат објавени во најскоро време“.

Утрото на 3-ти ноември следела веста за трагичниот крај. Согласно новото соопштение на Тенерифе, напаѓачот починал во 8:00 часот по локално време.

„Нема зборови на утеха. Не постои апсолутно ништо што може да ја ублажи оваа бескрајна болка. Ние заедно сме со неутешното семејство, со блиските и со сите навивачи на Тенерифе кои денес го оплакуваат овој болен исход“, стои во соопштението на клубот Тенерифе.

ШТО ЌЕ БИДЕ СО ГОЛМАНОТ?

Хесус Ласаро Овоно е 25-годишен голман на Андора и репрезентацијата на Екваторијална Гвинеја. Тој е роден во градот Бата но фудбалски се развивал во Шпанија уште на млади години. Ја поминал школата на Алавес и во 2022-ра дебитирал во Ла Лига.

Во летото 2025-та дошол во клубот Андора како позајмен играч, а после една година клубот го откупил неговиот договор. За репрезентацијата Овоно настапува од 2019-та година. Учествувал и на два Купа на африкански нации.

По страшниот старт со Ди Мигел тој доби црвен картон. Во протоколот судијата укажал дека Овоно го удрил противникот со високо подигната нога при што применил прекумерна сила во борбата за топка. Според информациите на Cope, голманот тешко го доживеал настанот и сакал лично да му се извини на центарфорот.

Сега иако се зборува дека тој сигурно ќе биде суспендиран можеби 12 натпревари од Шпанската фудбалска федерација, не се исклучени ниту кривични последици. Членот 142 од шпанскиот кривичен законик предвидува од една до четири години затвор за смрт предизвикана од груба небрежност. Сепак фаталниот исход по судир на теренот не значи нижно дека е сторено кривично дело.

При оценка на ваквите инциденти, шпанските судови разгледуваат дали спортистот ги надминал границите на прифатлив спортски ризик. На пример во април 2025-та година Врховниот суд на Шпанија потврди казна затвор во траење од шест години за фудбалер кој откако бил исклучен од игра, се вратил на теренот и намерно со сета сила удрил противнички играч. Жртвата се здобила со тешка повреда на 'рбетот и останал со траен инвалидиет.

Сепак за разлика од тој случај, судирот меѓу Овоно и Де Мигел се случил додека тие се бореле за топка.

ДЕ МИГЕЛ БЕШЕ ПРАВА ЛЕГЕНДА НА ШПАНСКИТЕ ПОНИСКИ ЛИГИ

Хесус де Мигел Аламеда е роден на 21 септември 1996-та година во Мадрид. Високиот левоног центарфор бил познат по прекарот Деми. Голем дел од кариерата поминал во пониските лиги во Шпанија.

Настапувал за Фуенлабрада, Навалканеро, Униониста од Саламанка. Во сезоната 2021/2022 постигнал 12 гола за Унионистас а на почетокот на 2023-та преминал во Кастељон. За клубот од Саламанка тоа станало рекордна продажба на фудбалер.

Во Кастељон високиот Де Мигел го поминал еден од најубавите периоди во кариерата. Во сезоната 2023/2024 постигнал 16 гола и имал 6 асистенции на 38 натпревари. Станал најдобар стрелец во својата група во шпанската трета лига. Неговите голови го искачиле Кастељон во втора лига. Севкупно таму постигнал 25 гола.

Во летото 2025-та потпишал договор со Тенерифе со важност до 2028-ма.

ФУДБАЛЕРИТЕ НЕ МОЖЕЛЕ ДА ГО ПРОДОЛЖАТ НАТПРЕВАРОТ

Страшниот дуел и прекинот ги вознемириле фудбалерите на двата тима. Додека лекарите му пружале помош на Де Мигел, фудбалерите ги опкружиле за да се спречи снимање разни кадри а некои не можеле да ги сокријат емоциите.

После евакуцијата на центарфорот, судијата разговарал со претставници на двата тима и средбата била завршена при резултат 2:2.

Луѓето од Тенерифе, тренерите и соиграчите на фудбалерот отишле во болница за да дознаат за неговата состојба. Немало прес-конференции по натпреварот.

Андора, пак, чиј сопственик е некогашниот стопер на Барселона Жерар Пике кој владее со клубот преку компанијата Космос, исто така му искажала поддршка на фудбалерот и неговото семејство.

После неколку часа по тоа соопштение од болница стигнала трагичната вест....

3 November 2026 - 10:16