Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Пола од младите нема да можат да го разберат ова

9 September 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Најновиот меѓународен извештај од Програмата за меѓународно оценување на учениците (ПИСА) покажа дека над половина од 15 годишниците во Македодонија се функционално неписмени.
  • Според податоците од тестирањето, македонските ученици постигнаа 380 бода по математика, 378 бода по природни науки и 357 бода во читање со разбирање, што ја става земјата на самото дно во регионот, зад Словенија, Хрватска, Црна Гора, Србија и Албанија, а единствено пред Косово.
  • Алармантен е податокот што дури 74 отсто од 15-годишниците во Македонија не го достигнуваат ниту основното ниво на читање со разбирање (ниво 2), односно имаат сериозни потешкотии да анализираат информации, да препознаат факт од мислење или да извлечат заклучок од посложен текст.
  • Посебно загрижувачки е недостатокот на ученици со највисоки постигања. Немаме ученици кои достигнале ниво 5 или 6 по природни науки, а просекот на ОЕЦД е 7 отсто. На овие нивоа нема ученици ни по читање, наспроти просекот од 6 отсто во ОЕЦД а по математика, само 1 отсто од учениците во земјава се меѓу најуспешните, односно достигнуваат ниво 5 или 6, наспроти 8 отсто во просек во ОЕЦД. 

  • Истражувањето покажа дека родителите се поретко ги прашуваат децата како им е во школо.

извор

Run, Xhever Imeri, run!

10 September 2026
  • Share
  • Post
  • Џевер Имери, вработен во Царинската управа како заменик-директор на Секторот за администрација, е уапсен откако побарал мито од над 15.000 евра во врска со тендер во Царинската управа. Му биле дадени обележани пари.

  • По преземањето на парите, Имери не застанал на полициските наредби и избегал. Го фатиле и го уапсиле.

  • Уште колку ли вакви Џевери има?

извор

Роботаксија без возачи низ Загреб

10 September 2026
  • Share
  • Post
  • Од денес, по улиците на Загреб се движат празни автомобили, без возач и патници, како последен тест на системот за идните целосно автономни роботаксија.
  • Возилата се на компанијата Verne, основана од Мате Римац и Марко Пејковиќ, заедно со кинеската Pony.ai, која ја обезбедува технологијата за управување. Третиот партнер е Uber, преку чија апликација услугата наскоро ќе им биде достапна на корисници.
  • Verne нуди комерцијалната услуга за роботакси во Загреб уште од април, но досега во возилото секогаш седело лице – безбедносен оператор подготвен да ја преземе контролата – како што налагаат прописите. Новите тест-возила се без безбедносен оператор. Ова е прво такво тестирање на јавни патишта во Европа.
  • Автомобилите ќе имаат пробни тури на траса долга 22 километри, од деловната зона „Бузин“ до аеродромот „Фрањо Туѓман“. 
  • Такси-возила без возач досега имаат само мал број компании во светот – пред сè Waymo (во сопственост на Alphabet), која нуди услуги во Феникс, Сан Франциско и други градови во САД, а планира да го прошири сервисот во Лондон и во Минхен.
  • Веќе пишувавме дека Римац не успеа да го заврши проектот за целосно автономни роботаксија од петто ниво во определениот рок, за да добие 180 милиони евра европски пари.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Американците ни го признаа ќ-то

Разно
2

Ние Оффнет се придружуваме кон честитките

Македонштина
3

И за ова ли треба упатство???

Македонштина
4

Летечкиот килим не е спорен

Забава
5

Пола од младите нема да можат да го разберат ова

6

Шахтата поправена

Македонштина
7

Аргентина мириса крв околу Фолкландите

Мислења
8

Џокерот на Ренџерс во 91-ва минута се вика Бојан Миовски

Фудбал
1

Пола од младите нема да можат да го разберат ова

2

Аргентина мириса крв околу Фолкландите

Мислења
3

Run, Xhever Imeri, run!

4

Европа нека не се надева дека САД ќе ја бранат од Русија

Свет
5

Ванковска: Нашето образование е како болен Дојчин и тоа го знаеме и без резултатите од ПИСА

6

Се зголемува ледената покривка на Гренланд

Наука
7

Трамп се фали: Заработив стотици милијарди за доброто на нашата земја

Разно
8

На лагата ѝ е портокалова косата

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Шахтата поправена

Македонштина

И за ова ли треба упатство???

Разно

Американците ни го признаа ќ-то

Македонштина

Ние Оффнет се придружуваме кон честитките

Балканштина

Материјал за љубовен филм

Македонштина

Немојте и колата да ви ја донесе

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Леб и сол за U2 се Пинк Флојд

Малку демек ги кара Трендо и Геро, малку...

Значи, цар!

Македонско државче

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy