Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Роботаксија без возачи низ Загреб

10 September 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Од денес, по улиците на Загреб се движат празни автомобили, без возач и патници, како последен тест на системот за идните целосно автономни роботаксија.
  • Возилата се на компанијата Verne, основана од Мате Римац и Марко Пејковиќ, заедно со кинеската Pony.ai, која ја обезбедува технологијата за управување. Третиот партнер е Uber, преку чија апликација услугата наскоро ќе им биде достапна на корисници.
  • Verne нуди комерцијалната услуга за роботакси во Загреб уште од април, но досега во возилото секогаш седело лице – безбедносен оператор подготвен да ја преземе контролата – како што налагаат прописите. Новите тест-возила се без безбедносен оператор. Ова е прво такво тестирање на јавни патишта во Европа.
  • Автомобилите ќе имаат пробни тури на траса долга 22 километри, од деловната зона „Бузин“ до аеродромот „Фрањо Туѓман“. 
  • Такси-возила без возач досега имаат само мал број компании во светот – пред сè Waymo (во сопственост на Alphabet), која нуди услуги во Феникс, Сан Франциско и други градови во САД, а планира да го прошири сервисот во Лондон и во Минхен.
  • Веќе пишувавме дека Римац не успеа да го заврши проектот за целосно автономни роботаксија од петто ниво во определениот рок, за да добие 180 милиони евра европски пари.

извор

Run, Xhever Imeri, run!

10 September 2026
  • Share
  • Post
  • Џевер Имери, вработен во Царинската управа како заменик-директор на Секторот за администрација, е уапсен откако побарал мито од над 15.000 евра во врска со тендер во Царинската управа. Му биле дадени обележани пари.

  • По преземањето на парите, Имери не застанал на полициските наредби и избегал. Го фатиле и го уапсиле.

  • Уште колку ли вакви Џевери има?

извор

Ванковска: Нашето образование е како болен Дојчин и тоа го знаеме и без резултатите од ПИСА

10 September 2026
  • Share
  • Post
  • „Ова го велам како долгогодишен професор кој ги дочекуваше студентите токму на преминот од средно училиште на универзитет; секоја генерација беше послаба од претходната. Тој впечаток е генерален, и во нашата земја, ама и пошироко“, вели универзитетската професорка, Билјана Ванковска во разговор за „Локално“.
  • Истакнува дека ПИСА е само пресек во времето, дури не е ни студија туку собирање податоци за тоа како учениците се снаоѓаат во разбирањето на она што им се нуди низ наставните програми, и тоа на одреден светски примерок.
  • „Генералната слика на светски план е поразителна: овогодишните резултати на светско ниво се најниски откако почна ПИСА проектот. Тоа не зборува за намалена интелигенцијата на децата, па дури ни за влијание на развиеноста на земјата врз образованието (на пример, Виетнам има само пет отсто од БДП на Норвешка, а е на врвот на табелата, додека богатата Норвешка е на 32 место)“.
  • „Зошто го велам ова? За да не ја направиме истата грешка како и секогаш кога ќе ги чуеме резултатите од ПИСА, па во наш малодушен дух веднаш констатираме дека не нè бива, децата ни се на дното, и сл“.
  • И секое чудо за три дена, потоа пак по старо, вели искусната професорка
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Американците ни го признаа ќ-то

Разно
2

Ние Оффнет се придружуваме кон честитките

Македонштина
3

И за ова ли треба упатство???

Македонштина
4

Летечкиот килим не е спорен

Забава
5

Пола од младите нема да можат да го разберат ова

6

Шахтата поправена

Македонштина
7

Аргентина мириса крв околу Фолкландите

Мислења
8

Џокерот на Ренџерс во 91-ва минута се вика Бојан Миовски

Фудбал
1

Пола од младите нема да можат да го разберат ова

2

Аргентина мириса крв околу Фолкландите

Мислења
3

Run, Xhever Imeri, run!

4

Европа нека не се надева дека САД ќе ја бранат од Русија

Свет
5

Ванковска: Нашето образование е како болен Дојчин и тоа го знаеме и без резултатите од ПИСА

6

Се зголемува ледената покривка на Гренланд

Наука
7

Трамп се фали: Заработив стотици милијарди за доброто на нашата земја

Разно
8

На лагата ѝ е портокалова косата

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Шахтата поправена

Македонштина

И за ова ли треба упатство???

Разно

Американците ни го признаа ќ-то

Македонштина

Ние Оффнет се придружуваме кон честитките

Балканштина

Материјал за љубовен филм

Македонштина

Немојте и колата да ви ја донесе

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Секоја чест на неписмените луѓе

Како филантропијата ја загрозува демократијата

Дали ти е доволно?

За домашните црепови што веруваа дека поинаку ќе нè викаат

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy