Ванковска: Нашето образование е како болен Дојчин и тоа го знаеме и без резултатите од ПИСА
10 September 2026
- „Ова го велам како долгогодишен професор кој ги дочекуваше студентите токму на преминот од средно училиште на универзитет; секоја генерација беше послаба од претходната. Тој впечаток е генерален, и во нашата земја, ама и пошироко“, вели универзитетската професорка, Билјана Ванковска во разговор за „Локално“.
- Истакнува дека ПИСА е само пресек во времето, дури не е ни студија туку собирање податоци за тоа како учениците се снаоѓаат во разбирањето на она што им се нуди низ наставните програми, и тоа на одреден светски примерок.
- „Генералната слика на светски план е поразителна: овогодишните резултати на светско ниво се најниски откако почна ПИСА проектот. Тоа не зборува за намалена интелигенцијата на децата, па дури ни за влијание на развиеноста на земјата врз образованието (на пример, Виетнам има само пет отсто од БДП на Норвешка, а е на врвот на табелата, додека богатата Норвешка е на 32 место)“.
- „Зошто го велам ова? За да не ја направиме истата грешка како и секогаш кога ќе ги чуеме резултатите од ПИСА, па во наш малодушен дух веднаш констатираме дека не нè бива, децата ни се на дното, и сл“.
- И секое чудо за три дена, потоа пак по старо, вели искусната професорка