Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Поранешен фудбалер на Сити и Ливерпул е нов тренер на Црвена звезда

13 August 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • По срамната елиминација од 3. квалификациско коло за Лига на шампиони од Хапоел Бер Шева (0-2, 0-1), Црвена звезда се раздели со тренерот Дејан Станковиќ кој стана негативен рекордер со дури 4 испаѓања од квалификациите за ЛШ.
  • Нов тренер на белградскиот клуб денес ќе стане Шпанецот Алберт Риера кој на времето со успех играше во Ливерпул. Откако заплива во тренерски води, Риера се упати во Словенија каде со голем успех ги водеше Олимпија Љубљана (двојна круна) и Целје (освоен Куп и пласман во еврокуп). Потоа стана тренер на бундеслигашот Ајнтрахт Франкфурт.
  • Алберт Риера преферира отворен, ултра-напаѓачки фудбал со поголем посед и повеќе создадени шанси за гол. Од друга страна од клубовите каде што досега работеше се жалеле на неговиот незгоден темперамент и неочекувана избувливост. Тој од Ајнтрахт Франкфурт беше отпуштен поради тоа што влегол во конфликт и ги навредувал директорите јавно на друштвените мрежи.
  • Звезда ја очекува двомеч против чешка Викторија Плзењ за пласман во Лига Европа.
извор

Холандија има нов селектор - се вика Чави

13 August 2026
  • Share
  • Post
  • Откако имаа неуспешни преговори со Арне Слот и Ерик Тен Хаг да ја преземе селекторската палка, луѓето од Кралската фудбалска федерација на Холандија не чекаа многу и го назначија легендарниот Чави за нов селектор.
  • Чави добил договор до летото 2030-та односно до крајот на Светското првенство таа година, соопшти Кралската фудбалска федерација на Холандија.
  • 46-годишниот Чави доаѓа наместо Роналд Куман кој замина по испаѓањето од Мароко во 16/финале на Светско првенство летово. 
  • Чави е прв селектор странец на Холандија по 1978-ма и Австриецот Ернст Хапел кој ги однесе дури до финале на Светско првенство.
  • „Голема чест е да се стане селектор на холандската репрезентација. Како некој кој се развивал во академијата на Барселона, со силно влијание од меѓу другите Јохан Кројф и Ринус Мичел, чувствувам посебна поврзаност со холандскиот фудбал. Може да кажете дека на некој начин сум син на холандскиот фудбал“, рекол Чави на претставувањето.
  • Како играч тој важеше за најдобар фудбалер на својата позиција во свое време. Освои дури 4 пехари во Лига на шампиони, одигра повеќе од 750 натпревари за Барселона а во 2010-та стана и Светски шампион со Шпанија откако ја победија Холандија во финале и два пати стана Европски првак во 2008 и 2012.
  • Тренерска кариера почна во клубот Ал Сад во Катар а после во 2021 ја презеде Барселона каде исто го наследи Роналд Куман како и сега во Холандија. Освои титула во Ла Лига во 2023 а во 2024-та замина поради преголем притисок во клубот како што самиот кажа.
извор

Полиција нашла 86 кила марихуана во автобусот кој го возел Сао Пауло

12 August 2026
  • Share
  • Post
  • Сао Пауло од Бразил гостувал во Боливија каде одиграл 1-1 против Боливар. Пред натпреварот тројца шофери на автобусот со кој требале да се превезуваат гостинските фудбалери од славниот клуб, биле уапсени поради тоа што во автобусот им пронашле 86 килограми марихуана.
  • Бразилскиот клуб стигнал во Санта Круз де ла Сиера пред да се упати во Ла Паз, градот на огромна надморска исина каде играа против Боливар. Сепак по доаѓањето на Бразилците, имало проблем зошто полицијата пронашла 86 килограми марихуана во автобусот кој тргнал да ги превезува од аеродромот.
  • Според извештаите на локалните медиуми, Сао Пауло ја ангажирал фирмата “Buses Cosmos“ за превоз на целата делегација до градот. Но возилото било сопрено во близина на градот Кочабамба. До моментот кога Сао Пауло слетал на аеродромот фирмата во Санта Круз де ла Сиера успеала да го реши проблемот и да прати друг автубос.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

По инвазијата врз Сеута силувани пет девојчиња помлади од 14 години

2

Од депонијата до изворот Рашче

Македонски рулет
3

Персеиди или кога светецот плаче: метеорскиот дожд кој може да се гледа вечерва

Bookbox
4

Елмас на крајот ќе игра за трет клуб во Италија

5

Елитниот Кембриџ се поднови. Со чучавци.

Урбан
6

Џ.Д. Венс ги запрел украинските напади врз танкери во Црно Море

7

НБА кошаркарот кој освои титула со Џордан, се откажа од милиони и исчезнал во океан кај Тахити

Фудбал
8

Суеверни градоначалници го кочат растот на Кина

Занимливости
1

Елмас на крајот ќе игра за трет клуб во Италија

2

НБА кошаркарот кој освои титула со Џордан, се откажа од милиони и исчезнал во океан кај Тахити

Фудбал
3

Полиција нашла 86 кила марихуана во автобусот кој го возел Сао Пауло

4

Станковиќ исвиркан, Црвена звезда испадна од Лига на шампиони

Фудбал
5

Владан Лукиќ за тоа колку голем бил Дарко Панчев

Фудбал
6

Меси со тешко срце: „Не знам што ќе правам сега без тебе, како да продолжам“?

Фудбал
7

Аргентински голман претрча 50 метри за да добие глуп црвен картон

Фудбал
8

Кога не сака, не сака

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Пазете ја седмицата

Македонштина

Кога песна ќе погоди словенска душа

Македонштина

Брегалница бара хакер

Балканштина

Администраторски поздрав

Македонштина

Што ли се става во оваа кошничка?

Балканштина

Детал од едно пијанство

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Обезглавувањето на професорот е „cancel култура“ со поинакви средства

Приватна потерница

Препишана смрт

Сиромаштијо, и дигитално си тешка

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy