Холандија има нов селектор - се вика Чави
13 August 2026
- Откако имаа неуспешни преговори со Арне Слот и Ерик Тен Хаг да ја преземе селекторската палка, луѓето од Кралската фудбалска федерација на Холандија не чекаа многу и го назначија легендарниот Чави за нов селектор.
- Чави добил договор до летото 2030-та односно до крајот на Светското првенство таа година, соопшти Кралската фудбалска федерација на Холандија.
- 46-годишниот Чави доаѓа наместо Роналд Куман кој замина по испаѓањето од Мароко во 16/финале на Светско првенство летово.
- Чави е прв селектор странец на Холандија по 1978-ма и Австриецот Ернст Хапел кој ги однесе дури до финале на Светско првенство.
- „Голема чест е да се стане селектор на холандската репрезентација. Како некој кој се развивал во академијата на Барселона, со силно влијание од меѓу другите Јохан Кројф и Ринус Мичел, чувствувам посебна поврзаност со холандскиот фудбал. Може да кажете дека на некој начин сум син на холандскиот фудбал“, рекол Чави на претставувањето.
- Како играч тој важеше за најдобар фудбалер на својата позиција во свое време. Освои дури 4 пехари во Лига на шампиони, одигра повеќе од 750 натпревари за Барселона а во 2010-та стана и Светски шампион со Шпанија откако ја победија Холандија во финале и два пати стана Европски првак во 2008 и 2012.
- Тренерска кариера почна во клубот Ал Сад во Катар а после во 2021 ја презеде Барселона каде исто го наследи Роналд Куман како и сега во Холандија. Освои титула во Ла Лига во 2023 а во 2024-та замина поради преголем притисок во клубот како што самиот кажа.