- Првиот човек на европската кошаркарска федерација ФИБА Хорхе Гарбахоса повторно во само неколку недели е во Македонија. Тој беше во посета на Гевгелија каде го следеше дуелот меѓу кадетските репрезентации на Македонија и Украина.
- Домаќини на Гарбахоса му беше раководството на КФМ и градоначалникот на Општина Гевгелија кои му подарија дрес од КК Кожува со што беше одбележана неговата посета на градот кој деновиве е центар на европската младинска кошарка.
- Откако му заврши позајмицата во Наполи по крајот на сезоната, Елиф Елмас се врати во РБ Лајпциг, бундеслигашот со кој е под договор. За 26-годишниот македонски репрезентативец сега интерес покажала Фиорентина но Елмас побарал малку време да одлучи каде да ја продолжи кариерата.
- Според актуелните проценки, пазарната вредност на Елмас изнесува околу 13 милиони евра, додека РБ Лајпциг наводно бара најмалку 15 милиони евра за неговите услуги. Претходно, германскиот клуб одбил понуда од 10 до 11 милиони евра за негов трансфер.
- Елмас досега играше за два клуба во калчото, тоа се Наполи и Торино
- После повеќемесечна шпанска серија за тоа каде ќе ја продолжи кариерата, изгледа дека конечно е пронајдено решение. Душан Влаховиќ е близу трансфер во турски Бешикташ со кого утре треба да потпише 3-годишен договор односно до лето 2029-та а се очекува да заработува најмалку 10 милиони евра годишно.
- Турскиот суперлигаш од Истанбул прифатил да плаќа и провизија меѓу 15 и 20 милиони евра што е значително повеќе од досегашната сума.
- Ова ќе биде целосно ново поглавје во кариерата на српскиот репрезентативец кој во Италија играше за Фиорентина и Јувентус а потекнува од школата на белградски Партизан.