Вардар го смени тренерот Фабијани
10 август 2026
- По серијата слаби резултати и порази (од фински Купс во 1. квалификациско коло за Лига на шампиони и од литвански Каунас во 2. коло квалификации за Конференциска лига), аргентинскиот тренер Кристијан Фабијани доби очекуван отказ од Вардар.
- Кристијан Фабиани е поранешен аргентински фудбалер, има настапувано за повеќе клубови, а најголемиот е Ривер Плејт. Најмногу мечеви, пак, има за Ланус.
- Кариерата Фабиани ја заврши во 2020 година, а како тренер досега пред Вардар, покрај Њуелс Олд Бојс ги водеше и Феникс Де Пилар, Депортиво Риестра и Депортиво Мерло, сите од Аргентина.