Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Фаучи виновен за непочитување на Конгресот

6 August 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Комитетот на Сенатот за домашна безбедност и владини работи го прогласи докторот Ентони Фаучи виновен за непочитување на Конгресот поради неговото одбивање да сведочи на сослушувањето минатата недела за неговото справување со пандемијата на ковид.
  • Комитетот побара од Министерството за правда да реши дали долгогодишниот врвен здравствен функционер за заразни болести имал право да се заштитува со молчење. Ако немал, ќе биде покрената кривична пријава за дело за кое е предвидена казна од 1 до 12 месеци затвор.
  • Иако беше помилуван од поранешниот претседател Џо Бајден, докторот Фаучи на минатонеделното сослушување одби да одговори на повеќе од сто прашања, повикувајќи се на правото од Петтиот против самоинкриминирање.
  • „Д-р Фаучи не се соочуваше со никаков ризик од федерално гонење. Сè што требаше да направи е да ја каже вистината“, изјави сенаторот Ренд Пол, претседател на Комитетот на Сенатот. 
  • „Сенаторот Пол беше решен да ме натера да кажам нешто, било што, што би ги поткрепило неговите постојани ветувања дека ќе завршам зад решетки“, се правда Фаучи.
извор

Во Сеута останаа до 5.000 мигранти

6 August 2026
  • Share
  • Post
  • Жителите на Сеута се „тажни, беспомошни и вознемирени“ бидејќи една недела по инвазијата на 80.000 мигранти во градот останале меѓу 3.000 и 5.000, изјави Хуан Хесус Вивас, претседател на шпанската енклава.
  • „Тоа во никој случај не ни дозволува да кажеме дека нашиот град се вратил во нормала“, изјави Вивас пред европските пратеници. Ситуацијата ја опиша како окупација.
  • „Приливот предизвика хуманитарна вонредна состојба од огромни размери, придружена со нарушувања на јавниот ред и висок ризик по јавната безбедност“, изјави Вивас во Брисел.
  • Тој ги повика централните шпански власти да ги преземат сите неопходни мерки за враќање на нормалната состојба, вклучувајќи и итно протерување на сите кои нерегуларно ја преминале границата.
  • Вивас изрази жалење за стотината луѓе што загинаа во хаосот.
извор

Русија трајно ги задржа ограничувањата на интернетот

6 August 2026
  • Share
  • Post
  • Од вонредна во трајна мерка премина рускиот режим на ограничување на пристапот до мобилен интернет само на услуги одобрени од Министерство за дигитален развој. Пристапот до интернет беше ограничен како итна мерка поради заканите од дронови спроти прославата на Денот на победата на 9 мај и се уште е на сила.
  • Во јули, само 30,5% од корисничките сесии во централниот регион биле без ограничувања. Забраната е најстрога во регионите покрај границата со Украина. Заклучно со 31 јули, само околу 12% од сесиите во регионите Брјанск, Курск и Белгород биле без ограничувања. Во Москва пристапот е значително послободен – во јули 49% од конекциите функционирале без ограничувања, а во Санкт Петербург 43,9%.
  • Во ограничените зони, можен е пристап само до адреси од „белата листа“, која не е ниту унифицирана ниту е јавно достапна. Ги вклучува порталот за државни услуги Gosuslugi, владините и веб-страниците за електронско гласање, социјалната мрежа и платформата за пораки Vkontakte, услугите на Yandex, и страниците на телекомуникациските оператори.
  • Секој регионален оператор има посебен список на достапни сајтови. Општиот услов е да ги хостираат своите сервери во Русија и да не им дозволува на корисниците да ја кријат својата IP-адреса или да користат прокси сервери.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Зошто картографите вметнувале непостоечки градови во своите мапи?

Bookbox
2

Ниедна ни се нема удавено

Балканштина
3

Фиго: „Сум видел многу нешта во кариера, ама лажлив и користољубив однос како на Инфантино немам видено“

4

Косовска Star Wars свадба

Балканштина
5

Колку луѓе ѝ се таман на планетата до 2200 година?

Разно
6

Заблуде сам ево престао да бројим

Разно
7

Најодвратното залче на Тони Бордејн

Забава
8

Такер Карлсон објави манифест со визии за Америка

Свет
1

Колку луѓе ѝ се таман на планетата до 2200 година?

Разно
2

Такер Карлсон објави манифест со визии за Америка

Свет
3

Никој не виде како ракетата на SpaceX удри во Месечината

4

Австрија лепи екстремистичка етикета на поло маиците

Разно
5

Крокодилите поважни од палестинските затвореници

6

Ако Фаучи молчи пред Сенатот, ќе сведочи неговиот телефон

7

Чешка повеќе нема да штити украински мажи од воена служба

8

На Трамп му калемеле „руски врски“ и за отпуштањето на шефот на ФБИ

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Косовска Star Wars свадба

Балканштина

Барате графички дизајнер?

Балканштина

Ниедна ни се нема удавено

Македонштина

Автомеханичарски Мастерклас

Балканштина

Спомени од пеколот

Балканштина

Дали глуп човек може да слуша добра музика?

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Риалити брак

Кому се Таки отфити?

Писма на читатели кои ги потпишуваме со две раце

Почиваш ли мирно, Леонарде?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy