Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Чешка повеќе нема да штити украински мажи од воена служба

6 August 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Чешка ја укина привремената заштита на украински мажи на возраст на која на својата земја ѝ се потребни за воена обврска и резервниот состав. Промената на статусот ја договорија членките на ЕУ, беше објавена во вторникот и стапи на сила вчера.
  • Според украинскиот закон, на мажите на возраст од 23 до 25 години им е забрането да ја напуштат земјата како припадници на резервниот состав, а на оние на возраст од 25 до 60 години им е забрането зашто подлежат на воена обврска.
  • Новото правило нема да влијае врз Украинците во Чешка кои добиле заштита пред промената да стапи на сила. Нивниот статус ќе важи до март 2027 година, кога ќе можат да го продолжат за уште една година.
  • „Апликантите ќе треба да потврдат дека ги исполнуваат обврските поврзани со воената служба преку апликацијата Reserv+ пред да им биде доделена привремена заштита“, објасни чешкото Министерство за внатрешни работи. 
  • Во однос на големината на населението, Чешка е членка на ЕУ што примила најголем број бегалци од Украина – вкупно 393.000. Во изминатите 12 месеци бројот на Украинки во Чешка незначително се намали, но бројот на мажи од 18 до 65 години се зголеми за 21.200 и достигна 132.000. Министерот Љубомир Метнар очекува дека мерката ќе го намали бројот на нови бегалци за „десетици проценти“.
извор

Ако Фаучи молчи пред Сенатот, ќе сведочи неговиот телефон

6 August 2026
  • Share
  • Post
  • Комисијата за национална безбедност на Сенатот, која спроведува истрага за Ентони Фаучи, обезбедила копија од телефонот што докторот го користел додека го командуваше одговорот на САД на пандемијата на ковид.
  • Комисијата денеска треба да гласа дали ќе биде покрената кривична постапка против поранешниот директор на Националниот институт за алергии и заразни болести поради непочитување на Сенатот затоа што на сослушувањето пред една недела одби да одговара на прашањата. На повеќе од 100 прашања се повикал на правото да молчи според Петтиот амандман.
  • Копијата на телефонот ја доставило Министерството за здравство. Анализа на податоците може да обезбеди докази за постапките на Фаучи во однос на здравствените мерки наметнати врз Американците за време на пандемијата и за потеклото на коронавирусот.
  • Министерството неодамна до Конгресот достави и копии од дневниците на Фаучи од времето на пандемијата. Сенаторот Ранд Пол, кој е на челото на Комитетот, како и Рон Џонсон, кој го води Поткомитетот за истраги, добиле уште милиони дополнителни документи поврзани со Фаучи од владините сервери и продолжуваат да бараат уште материјали.
  • Во меѓувреме, најмалку четири сојузни држави предводени од републиканци започнаа сопствени истраги за Фаучи.
извор

Иран и Оман договорија сообраќаен режим во протокот

6 August 2026
  • Share
  • Post
  • Иран и Оман ги договориле коридорите низ кои бродовите ќе можат да поминуваат низ Ормускиот проток. Договорот не гарантира безбеден премин низ теснецот сè додека САД ја одржуваат поморската блокада на иранските пристаништа. Сè уште не е одобрен ни од иранскиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи.
  • Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, изјави дека Техеран не преговара директно со САД, но и дека добил сигнали дека администрацијата на Трамп е подготвена да се „врати на своите обврски“ од Меморандумот за разбирање постигнат во јуни.
  • Бродовите ќе влегуваат во Персискиот залив преку иранските води, а ќе излегуваат пловејќи покрај брегот на Оман. Во почетната фаза Иран би испраќал танкери за да се потврди дека коридорот не е миниран, а потоа ќе може да поминуваат сите трговски бродови.
  • Аранжманот ќе важи два до четири месеци, додека не се договори трајно решение за контрола на бродовите и наплаќање „такса на доброволна основа“. Иран инсистира на надомест од 5% до 7% од вредноста на товарот, а Оман бара да биде 3%.
  • Спроведувањето на планот зависи од повлекувањето на американската блокада за ирански бродови. Трамп деновиве најави дека е „близу до постигнување договор за слободно преминување преку Ормускиот проток“, но е категорично против наплаќање такси за бродовите.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Ниедна ни се нема удавено

Балканштина
2

Зошто картографите вметнувале непостоечки градови во своите мапи?

Bookbox
3

Фиго: „Сум видел многу нешта во кариера, ама лажлив и користољубив однос како на Инфантино немам видено“

4

Никој не виде како ракетата на SpaceX удри во Месечината

5

Колку луѓе ѝ се таман на планетата до 2200 година?

Разно
6

Барате графички дизајнер?

Балканштина
7

Косовска Star Wars свадба

Балканштина
8

Крокодилите поважни од палестинските затвореници

1

Колку луѓе ѝ се таман на планетата до 2200 година?

Разно
2

Никој не виде како ракетата на SpaceX удри во Месечината

3

Крокодилите поважни од палестинските затвореници

4

Саудијци и Кушнер го купија гејмерскиот гигант ЕА

5

Црногорски вицепремиер го прогласи Улцињ за „албански град“

6

Кина ја надмина нуклеарната моќ на Франција

7

Инсајдери тргувале со 9 милијарди долари на изјавите на Трамп за Иран

Свет
8

Палантир го крие ќарот во Европа за да не плаќа даноци

Бизнис
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Косовска Star Wars свадба

Балканштина

Барате графички дизајнер?

Балканштина

Ниедна ни се нема удавено

Македонштина

Автомеханичарски Мастерклас

Балканштина

Спомени од пеколот

Балканштина

Дали глуп човек може да слуша добра музика?

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

За вкусовите не се расправа

ТОП 13 мигрантско-бегалска листа

Третата фаза

Посмртно убивање на ЕКВ

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy