Кина одобри изградба на уште осум нуклеарни реактори, со чие врзување во мрежата ќе ја надмине Франција во капацитетот да генерира струја од нуклеарни извори.
Инсталираниот капацитет за производство на нуклеарна енергија во Кина сега изнесува 63,98 гигавати со што за првпат го надминува капацитетот на Франција од 63 гигавати. САД се убедливо на првото место со 96,9 гигавати струја произведени од нуклеарни централи, според податоци од Светската нуклеарна асоцијација.
Одобрени се три пара реактори од типот „Хуалонг“ капацитет од 1 гигават во постоечки централи, како и два од типот „Гуохе“ со капацитет од 1,4 гигавати во новата централа Лаијанг.
Пекинг има долгорочна стратегија за проширување на производството на нуклеарна енергија заради зајакнување на енергетската безбедност, намалување на зависноста од фосилни горива и декарбонизација на индустријата.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.