Хаос на бензиските во Русија
-
Русија, еден од најголемите светски производители на нафта, доживува невидена и апсурдна криза: земјата доживува тежок недостиг на гориво а ситуацијата на терен брзо ескалира во хаос и насилство.
-
Самиот Путин призна дека ситуацијата не е во потполна контрола. По вонредниот состанок со државното и военото раководство, призна дека постојат „сериозни проблеми со горивото“ што ги парализираа руските региони.
-
Рускиот лидер најави радикална мерка - воведување целосна забрана за извоз на бензин и керозин, а се разгледува и итна забрана за извоз на дизел. Формирана е посебна работна група за да се обезбеди земјоделскиот сектор да добива барем минимум доволно за да се спречи колапс на земјоделските култури.
-
Додека бирократите на Кремљ мозгаат и состанчат, доаѓаат снимки од километарски колони пред бензиските станици, луѓе со истенчени нерви, вербални и физички судири, масовни тепачки....