Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

30-дневен притвор за Стефан Богоев и уште три осомничени лица

4 June 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Кривичниот суд им одреди по 30 дена притвор на поранешниот директор на Царинска управа Стефан Богоев и на тројцата други осомничени за злоупотреба при јавна набавка за чистење на граничните премини и за поткуп од 1.800 евра.
  • Богоев вчера беше изведен пред судија во Основниот кривичен суд во Скопје.
  • Обвинителство соопшти дека постои основано сомнение дека во периодот од јули 2023 до март 2024 година осомничените ја изиграле постапката за доделување договори за јавна набавка за надворешно одржување хигиена на гранични премини и терминали, при што преку фаворизирање одреден економски оператор и ограничување на конкуренцијата му овозможиле на правниот субјект да стекне противправна имотна корист од 18.479.692 денари.
  • „Според обезбедените докази, првоосомничениот, користејќи ја својата службена положба и влијание како директор на Царинската управа, влијаел врз спроведувањето на тендерската постапка во корист на избраниот понудувач, а второосомничениот, во својство на помошник-директор, влијаел врз други економски оператори да не учествуваат во завршната фаза од постапката“, објави Обвинителството.
извор

Претставничкиот дом на САД изгласа мерка за запирање на војната со Иран

4 June 2026
  • Share
  • Post
  • Претставничкиот дом на САД вчера првпат успеа да изгласа резолуција што го блокира претседателот Трамп да ја продолжи војната против Иран без одобрување од Конгресот.
  • Резолуцијата беше усвоена со 215-208 гласа, откако на демократите им се придружија четворица републикански конгресмени.

  • За да стане обврзувачка, резолуцијата мора да биде одобрена и од Сенатот. 
  • Резолуцијата за воени овластувања од 1973 година наведува дека претседателот мора во рок од 60 дена да ги отстрани американските сили од какви било војни без овластување од Конгресот. Претседателот може да го продолжи тој рок за уште 30 дена за да овозможи безбедно повлекување на трупите.
  • Војната против Иран почна на 28 февруари, пред 96 дена, но Белата куќа тврди дека на сила е примирје од 8 април. 
извор

Црногорските граѓани не можат да влезат во Србија?

4 June 2026
  • Share
  • Post
  • Српската полиција од синоќа не ги пропушта граѓаните на Црна Гора да ја преминат границата со Србија, што се смета за одговор на протерувањето на 87 српски државјани од аеродромот Тиват поради „загрозување на националната безбедност“.
  • Од средата во 19.30 часот ниту еден црногорски државјанин не преминал во Србија преку граничните премини Гостун, Јабука и Драченовац. „Тие спроведуваат засилени мерки исклучиво против црногорските граѓани“, изјавил за „Вијести“ извор од службите за безбедност.
  • Н1 јавува дека на преминот Гостун се врши детална безбедносна контрола на сите полнолетни мажи од Црна Гора.
  • Претходно во средата, црногорската полиција поради „безбедносни причини“ не им дозволила влез во Црна Гора на група од 87 српски државјани што пристигнале со чартер лет во Тиват и по неколку часа ги вратила со лет до Белград. Некои од нив имале криминално досие. Српски опозициски медиуми ги опишуваат како лица „блиски до владејачката СНС“, кои биле ангажирани за обезбедување на партиски простории, спортски натпревари и протести.
  • Српската безбедносно-разузнавачка агенција (БИА) објави дека го советувала претседателот Александар Вучиќ да не патува на самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват поради висок безбедносен ризик. Ова се базира на оперативните сознанија на БИА дека во Црна Гора е присутен лидерот на Кавачкиот клан, Радоје Звицер.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Во Хрватска уапсена македонска кирилична тројка

2

Млекото нè насекира, месото било бетер

3

Колку бугарска била Македонија?

Разно
4

Стара бугарска: Дължим въздуха на Руснаците

Балканштина
5

Култно видео со Даре Панчев и Црвена звезда по пласман во финале

Фудбал
6

Во Германија затворија 65.000 дуќанчиња

Бизнис
7

Почина Рик Аделман, човекот кој не веруваше дека Дражен Петровиќ е Ол-стар кошаркар

8

Кинеска против НАТО авијација: 9-0

Технологија
1

Во Хрватска уапсена македонска кирилична тројка

2

Млекото нè насекира, месото било бетер

3

Во Германија затворија 65.000 дуќанчиња

Бизнис
4

Кинеска против НАТО авијација: 9-0

Технологија
5

Како бумерите ја зафркнаа Европа

Свет
6

Нови ограничувања за влез во Хрватска: До 2 кутии цигари по лице

7

ИЈЗ: Десетици не доаѓале на работа, им плаќале на колеги да им ги отчукуваат картичките

8

Како Епстин го урна имиџот на Бил Гејтс

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Медиуми

Како да освежиш кликбеит кој веќе не пали

Балканштина

Кога ќе ти се стемни од поклоните

Балканштина

Стара бугарска: Дължим въздуха на Руснаците

Балканштина

Вучиќ на оглас за работа во ЈП Лајка

Македонштина

Скопје, европска престолнина на хуморот

Балканштина

Некој да ни види дали ќе одиме?

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Еластична вест

Мрестење на вардарските лососи

(Тука наслов) !!!!

Време е да се хејтаат забраните и цензурите

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy