Иран скрил воени авиони во Пакистан
12 May 2026
- Додека посредуваше за мировни преговори помеѓу Вашингтон и Техеран, Пакистан дозволил ирански воени авиони да се засолнат на неговите аеродроми за да избегнат уништување од американските воздушни напади.
- Само неколку дена откако Доналд Трамп во почетокот на април прогласи примирје, Иран испратил повеќе авиони во пакистанската стратегиска воена база Нур Кан, вклучувајќи и авион за извидување и разузнавање, тврдат извори на телевизијата CBS.
- Иран, исто така, засолнил цивилни авиони на аеродроми во Авганистан.
- Претседателот Трамп и Пентагон тврдат дека уште во првите денови од војната целосно биле уништени воздухопловни сили и морнарицата на Иран.
- Сенаторот Линдзи Греем ја повика администрацијата да ја провери информацијата и да ја преиспита улогата на Пакистан како мировен посредник.