Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Д-р Даниловски: Хантавирусот е новата суровина за глобалната индустрија на страв

10 мај 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Доволен беше еден изолиран настан на крузер во Јужниот Атлантик за интернет-просторот повторно да експлодира со апокалиптични сценарија, „предвидувања“, мистериозни објави од минатото, сомнежи за глобални агенди и рециклирани теории за контрола на човештвото.
  • Речиси по автоматизам, повторно почнаа да циркулираат истите зборови: пандемија, контрола, депопулација, mRNA, „1984“... Како да постои готов шаблон што се активира секогаш кога во медиумите ќе се појави името на некој вирус.
  • Во меѓувреме, јавноста постепено престанува да прави разлика меѓу епидемиологија и алгоритамски произведен страв.
  • Истовремено, постојат реални причини за внимателност. Скопје и други средини се соочуваа со сериозни проблеми со отпадот. Контејнери преполни со денови. Купишта смет покрај улици. Расфрлан органски отпад. Диви депонии. Таквите услови неизбежно создаваат средина погодна за експанзија на популацијата на стаорци и глувци, потенцијален резервоар за повеќе инфективни заболувања, вклучително и хантавирусните инфекции.

  • Прагот на летото е момент кога институциите треба сериозно да пристапат кон дератизација, дезинфекција, санитарен надзор, урбана хигиена, контрола на дивите депонии, предупредува доктор Драган Даниловски.

извор

Србија реши дека му е доста на Вучиќ

25 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • На основа на стратифициран примерок од досегашните резултати, носителот на владејачката листа, доскорешниот претседател Александар Вучиќ изјави дека е јасно дека ги изгубиле изборите и дека победник е Студентската листа.
  • Според истражувалкиот центар ЦРТА, Студентската листа освоила 51,47 отсто од гласовите на изборите во Србија, додека листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ добила 40,42 отсто.
  • Ниедна друга листа, со исклучок на малцинските, не го минала цензусот. 
  • Вучиќ порача дека паднале во вода сите лаги дека нема да ги признае резултатите, дека ќе одговори со насилство, дека се подготвува да бега од земјата и слично.
  • „Им честитам на оние кои победија иако тие беа само изведувачи на валканите работи“, кажа тој и рече дека едвај чека да го гонат за измислиците како што е звучниот топ.
  • СНС ќе има преку 100 пратеници во парламентот. „Ќе им покажеме што е опозиција,“ им порача Вучиќ на победниците и прес конференцијата ја завршија со песна.

 

 

 

 

извор

На Бугарија не ѝ се гласа

25 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Бугарија е на пат да забележи историски најниска излезност на првиот круг од претседателските избори. Според последниот официјален пресек на Централната изборна комисија, до 16 часот гласале само 16,04 отсто од избирачите.
  • Според две од трите мерења, до два часа пред затворањето на избирачките места гласал само секој петти избирач.
  • На претседателските избори во 2021 година во истиот период излезноста била 24,12 отсто, односно за повеќе од 8 процентни поени повисока.
  • Во 1992 година, на првите демократски претседателски избори, излегле 75,39 отсто од избирачите, во 1996 година 63,14 отсто, а во 2001 година 41,63 отсто. Досега ниту еден прв круг не паднал под 40 отсто.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Ајрон Мејден знаат знаме да одберат

Музика
2

Волкановски ја одбрани светската титула па во рингот се завеаа австралиско и македонско знаме

Разно
3

Сите модели на вештачка интелигенција го мислат истото за луѓето

Занимливости
4

На Србија ѝ се гласа

5

Хакираниот Кушнер и милијардите од Заливот

Свет
6

Галантните кираџии на Велика Британија

Свет
7

Бушавата азбука на Зоран Заев

Македонски рулет
8

Фридрих Мерц тврди дека е свесен

Разно
1

Сите модели на вештачка интелигенција го мислат истото за луѓето

Занимливости
2

На Србија ѝ се гласа

3

Хакираниот Кушнер и милијардите од Заливот

Свет
4

Галантните кираџии на Велика Британија

Свет
5

Србија реши дека му е доста на Вучиќ

6

На Бугарија не ѝ се гласа

7

Саша Барон Коен: Сатирата не е за смеење

Филм
8

Директорот на Ryanair: Фон дер Лајен е „бескорисна“

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Кога си гладен не си свој

Балканштина

Додека ловот не нè раздели

Балканштина

Јако мување

Балканштина

Како Горан Баре славеше роденден

Балканштина

Кои денови сте затворени?

Македонштина

Богати и славни

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Што има ново со Јаран?

Кружен тек за пешаци

Јасно е дека е итно

Багра фушерска

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy