Вредноста на акциите на Модерна се зголемија за 13% откако фармацевтскиот гигант објави дека веќе две години работи на развој на мРНК вакцина против хантавируси, во заеднички истражувања со Институтот за медицински истражувања на заразни болести на американската армија и со корејски Центар за иновации на вакцини.
Хантавирусот предизвика загриженост низ светот откако на холандски крузер починаа тројца патници заразени со смртоносен сој, по што вирусот беше регистриран кај уште десетина луѓе.
Светската здравствена организација тврди дека нема опасност од пандемија, бидејќи овој вирус, проширен од глодари, се пренесува од човек на човек само преку долг физички контакт.
Истражувањето на Модерна е сè уште во претклиничка фаза и немало тестирања на луѓе. Компанијата вели дека нејзината мРНК технологија овозможува побрз одговор при пандемија во споредба со постарата технологија, за која обично се потребни месеци за да се развие вирус за вакцини.
Многумина, сепак, потсетуваат на сличности со биомедицинските истражувања со коронавируси во лабораторијата во Вухан во периодот пред да избувне пандемијата на ковид-19.
„Тие манипулираат со вирусот (биолошко оружје), ја прават вакцината (отровот), а потоа остваруваат профит затоа што под нивна контрола се огромно мнозинство од вашите избрани лидери. Тие го нарекуваат ова наука“, објави на Икс поранешната конгресменка Марџори Тејлор Грин.
На основа на стратифициран примерок од досегашните резултати, носителот на владејачката листа, доскорешниот претседател Александар Вучиќ изјави дека е јасно дека ги изгубиле изборите и дека победник е Студентската листа.
Според истражувалкиот центар ЦРТА, Студентската листа освоила 51,47 отсто од гласовите на изборите во Србија, додека листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ добила 40,42 отсто.
Ниедна друга листа, со исклучок на малцинските, не го минала цензусот.
Вучиќ порача дека паднале во вода сите лаги дека нема да ги признае резултатите, дека ќе одговори со насилство, дека се подготвува да бега од земјата и слично.
„Им честитам на оние кои победија иако тие беа само изведувачи на валканите работи“, кажа тој и рече дека едвај чека да го гонат за измислиците како што е звучниот топ.
СНС ќе има преку 100 пратеници во парламентот. „Ќе им покажеме што е опозиција,“ им порача Вучиќ на победниците и прес конференцијата ја завршија со песна.
Бугарија е на пат да забележи историски најниска излезност на првиот круг од претседателските избори. Според последниот официјален пресек на Централната изборна комисија, до 16 часот гласале само 16,04 отсто од избирачите.
Според две од трите мерења, до два часа пред затворањето на избирачките места гласал само секој петти избирач.
На претседателските избори во 2021 година во истиот период излезноста била 24,12 отсто, односно за повеќе од 8 процентни поени повисока.
Во 1992 година, на првите демократски претседателски избори, излегле 75,39 отсто од избирачите, во 1996 година 63,14 отсто, а во 2001 година 41,63 отсто. Досега ниту еден прв круг не паднал под 40 отсто.