Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Модерна веќе две години развива вакцина против хантавирус

11 May 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Вредноста на акциите на Модерна се зголемија за 13% откако фармацевтскиот гигант објави дека веќе две години работи на развој на мРНК вакцина против хантавируси, во заеднички истражувања со Институтот за медицински истражувања на заразни болести на американската армија и со корејски Центар за иновации на вакцини.
  • Хантавирусот предизвика загриженост низ светот откако на холандски крузер починаа тројца патници заразени со смртоносен сој, по што вирусот беше регистриран кај уште десетина луѓе.
  • Светската здравствена организација тврди дека нема опасност од пандемија, бидејќи овој вирус, проширен од глодари, се пренесува од човек на човек само преку долг физички контакт. 
  • Истражувањето на Модерна е сè уште во претклиничка фаза и немало тестирања на луѓе. Компанијата вели дека нејзината мРНК технологија овозможува побрз одговор при пандемија во споредба со постарата технологија, за која обично се потребни месеци за да се развие вирус за вакцини.
  • Многумина, сепак, потсетуваат на сличности со биомедицинските истражувања со коронавируси во лабораторијата во Вухан во периодот пред да избувне пандемијата на ковид-19.
  • „Тие манипулираат со вирусот (биолошко оружје), ја прават вакцината (отровот), а потоа остваруваат профит затоа што под нивна контрола се огромно мнозинство од вашите избрани лидери. Тие го нарекуваат ова наука“, објави на Икс поранешната конгресменка Марџори Тејлор Грин.
извор

Шестото сетило на опозицијата

11 May 2026
  • Share
  • Post
  • Претседавачот на Централниот одбор на СДСМ, Герасим Лазов, тврди дека Орбан има „пуштено пипци“ низ цела Македонија преку сопственост и контрола на медиуми.

  • 30 до 40 проценти од македонските медиуми да ти биле под директна контрола на Орбан.
  • Лазов смета дека ваквата „хибридна“ контрола врз 40% од медиумскиот простор е главниот извор на политичките тензии во земјата.
  • Овде има листа од 116 професионални медиуми во Македонија. 40 проценти од 116 е 46. Би било фино да ни заокружат барем 40 медиуми кои се под директна контрола на Орбан. 

 

 

 

извор

Шмит заминува од БиХ, Додик ликува

11 May 2026
  • Share
  • Post
  • Кристијан Шмит објави дека „поради лични причини“ ја напушта позицијата Висок претставник на меѓународната заедница за Босна и Херцеговина, на која помина речиси пет години. Ќе остане да ја извршува функцијата додека не биде назначен негов наследник.
  • Милорад Додик, долгогодишниот лидер на босанските Срби, оцени дека целиот мандат на Шмит бил нелегален, а неговите одлуки биле „сомнителни“. Додик најави и можни судски постапки за да се утврди материјалната штета што ѝ била нанесена на Република Српска во времето на мандатот на Шмит.
  • „Кристијан Шмит ја напушта БиХ онака како што дојде – без легитимитет, без одлука на Советот за безбедност на Обединетите нации и спротивно на меѓународно право“, оцени Додик.
  • Карл Билд - првиот висок претставник во БиХ, вели дека по 30 години Канцеларијата ја надживеала својата цел и дека треба да се укине: „Високиот претставник, кој отсекогаш беше напаѓан од Русија, сега е соборен од САД. ЕУ беше слаба и нефокусирана во својот пристап“.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Д-р Даниловски: Хантавирусот е новата суровина за глобалната индустрија на страв

2

Од вселената се гледа колку брзо тоне Мексико Сити

Урбан
3

Колкава е Партизанска?

Разно
4

Свет цел разбере да

Македонштина
5

Пар песни за Циги

Разно
6

ЕУ ќе изгуби 370 милијарди евра ако се откаже од кинеска техника

Свет
7

Кринџотека

Разно
8

Како се сликаат тетки на одмор

Видео
1

Д-р Даниловски: Хантавирусот е новата суровина за глобалната индустрија на страв

2

Од вселената се гледа колку брзо тоне Мексико Сити

Урбан
3

ЕУ ќе изгуби 370 милијарди евра ако се откаже од кинеска техника

Свет
4

Дечкото кој убедува по 200 мажи дневно дека е девојка која им прави муабет

Работа
5

Во живо: Скромна воена парада во Москва на Денот на победата

6

Доаѓа нова финансиска криза

Бизнис
7

Полските политички бегалци ја напуштиле Унгарија

8

Шведска ќе им става алки на деца за да ги извлече од криминал

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Свет цел разбере да

Разно

Колкава е Партизанска?

Балканштина

Така ќе биде уште долго време

Балканштина

Дедо и неговата внука

Разно

Некогаш стварно зборуваме со ист јазик

Разно

Кадровските критериуми на Јосип Броз Тито

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Зошто пиратите носеле онакво преку око?

Кога Бајрам се жени

Руски Угандин

Убавите луѓе се досадни

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy